Повеќе од четириесет години, Xypex системот за водоотпорност преку кристализација е употребуван кај голем број бетонски конструкции низ светот, при различни климатски и локални услови.
Технологијата за кристализација на Xypex e развиена благодарение на темеленото познавање на хемискиот и физичкиот состав на бетонот. Бетонот е порозен. Неговите капилари налик тунели се природен дел од неговата маса и овозможуваат поминување на вода и други течности.
Истражувачите во Xypex ја открија можноста за хемиско третирање кое би ги пополнило овие капилари и кое би спречило навлегување на вода и други течности од било која насока. Преку дифузија, реактивните хемикалии во Xypex производите ја користат водата како средство за движење и навлегуваат и циркулираат низ капиларите на бетонот. Овој процес предизвикува хемиска реакција помеѓу Xypex, влагата и нус-производите при хидратација на цементот и формираат нова нерастворлива кристална структура. Оваа интегрална структура ги затвора капиларите и го прави бетонот водонепропустлив.
Технологијата за кристализација на Xypex и понатаму останува да биде основата на оваа линија која прерасна во еден интегриран систем на премази за бетон, производи за суво мешање и посипување на свежи бетонски плочи, адитиви за однапред подготвен бетон и различни материјали за поправка на бетон. За архитектите, инженерите и изведувачите, оваа разноврсност на палетата Xypex производи е докажано средство во процесот на креирање вредност и нуди флексибилност при градењето.
Xypex во Македонија е затапуван од страна на Јадро Инженеринг од 2014 година и до сега ја има применето оваа технологија на повеќе од 40 објекти.