Filters
Пребарување
ГЕМАКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ГЕМАКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ се занимава со:

- Опремуваме хотели, ресторани, пицерии, кафе барови, слаткарници...
- Опремуваме мали и големи пекари, млечни ресторани, сендвичари...
- Опремуваме месарници, погони за преработка на месо...

ГЕМАКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Основната дејност на ГЕМАКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ е опремување на хотели, ресторани, пицерии, кафе барови, слаткарници... Опремување мали и големи пекарници, млечни ресторани, сендвичари... Опремување на месарници, погони за преработка на месо... ГЕМАКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ започна со работа во далечната 1995 година, како мала семејна фирма. И денеска сме семејна фирма насочена кон потребите на клиентите и купувачите, квалитетот на производите, комплетност и компетентност на услугата. Наша обврска е да ги следиме светските трендови, иновации и глобални текови и во согласност со нив да ги едуцираме клиентите.

ГЕМАКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ е официјален застапник на трите големи брендови во угостителската индустрија:

• KONEX (поранешна фабрика Кончар) професионална опрема за кујни и разладни уреди

• LG ПРОФЕСИОНАЛНИ МАШИНИ ЗА ПЕРЕЊЕ И СУШАЊE

• ALFA професионални машини за садови

ПРОФЕСИОНАЛНИ КУЈНИ KONEX

Ве покануваме да се запознаете со моделот Montona - вашиот асистент за создавање ремек дела во кујната. Со над 400 производи во понудата, овој бренд нуди се што е потребно во една професионална кујна.

Со изборот на Montona вложувате во:

• Максимална функционалност

• Енергетска ефикасност

• Напредна технологија

• Елегантен дизајн и цврста градба.

KONEX PROFESSIONAL е новотo име на хрватски бренд KONČAR, кој повеќе од 70 години се занимава со производство на угостителска опрема. KONEX кујните се дизајнирани и произведени во Хрватска и се синоним за производ кој трае.

gemaks-internacional-clubeconomy
gemaks-internacional-clubeconomy

LG ПРОФЕСИОНАЛНИ МАШИНИ ЗА ПЕРЕЊЕ И СУШАЊE

Вложете во сопствена професионална перална и обезбедете подобар квалитет и намалени трошоци. LG професионалните машини за перење се со ENERGY STAR класификација и се со најниска потрошувачката на вода и електрична енергија во споредба со конкурентните апарати во истата категорија.

Лесно се приспособуваат на сите простори и потребен е минимален простор за да се постават.

• Хигиенски програми за перење

• Поквалитетно перење, посвеж мирис и помеко чувство на текстилот

• Нежно перење и совршено сушење со што се продолжува животниот век на текстилот

• Голем капацитет за перење,10 односно 15 кг на едно полнење по машина или 60 односно 90 кг за една смена

Професионалните уреди на LG имаат врвна издржливост благодарение на LG Inverter Direct DriveTM технологијата.

ALFA професионални машини за садови

Kомерцијалните машини за миење садови изработени од нер'ѓосувачки челик ALFA, со своето 30 годишно присуство на пазарот, денес се едни од најсигурните професионални машини за садови.

Без разлика на моделот кој ќе го одберете, овој бренд гарантира:

• Висок квалитет и долгорочна гаранција

• Максимална ефикасност

• Едноставна употреба, лесен пристап за чистење и одржување.

gemaks-internacional-clubeconomy

ОСТАНАТИ УСЛУГИ

СЕРВИС И
ДЕЛОВИ

Градејќи ја пирамидата од основата до врвот, за нас е приоритет да обезбедиме резервни делови уште од првата продажба на секоја машина. Секогаш имаме резервни делови и сервисери професионалци за кои нема нерешливи проблеми. Дејствуваат веднаш за да не застане Вашата работа.
 

ИНДУСТРИСКА
ХИГИЕНА

Нашиот асортиман го сочинуваат и детергенти и алатки за одржување на хигиена во ХОРЕКА објектите. Во овој сегмент ги застапуваме светски познатите брендови: 3M (алатки и прибор за чистење во големи професионални кујни) и германскиот детергент за перење алишта NEW MAX.

ИНОКС И АБРАЗИВНИ МАТЕРИЈАЛИ

Увезуваме првокласен инокс од најпознатите европски производители. Го имаме во стандардни димензии, а може да испорачаме и по мерки. Палета абразивни материјали за обработка на инокс од најпознатиот светски производител 3М.
 
 

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Лондонска бр. 19, локал 25,
ДЦ Олимпико, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Марина Стевковска
+389 (0)70/333 258


Мапа

Документи