Filters
Пребарување
ДГПТ ЕУРОИНГ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ЕУРОИНГ се занимава со градежништво, проектирање

- Нискоградба
- Високоградба
- Хидроградба

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2008

Подетално за компанијата

ЕУРОИНГ

ЕУРОИНГ ДОО Гевгелија основана е 1991 година, од кога ентузиастички работи на реализирање на визијата поставена на самиот почеток, основање на препознатлив бренд за изработка и извршување на услуги во градежништвото,
со висок квалитет и договорен рок.

Во периодот од 1991 до 1995 компанијата се занимава со нискоградба, за потоа со ширење на активностите да започне со изведување проекти во високоградба и нискоградба. Од 2000 година посебно внимание е дадено во оформувањето сопствен парк на градежна механизација, што придонесе денес ЕУРОИНГ да располага со голем број градежни машини кои му овозможуваат брзо и квалитетно да ги реализира превземените проекти.

euroing-gevgelija-clubeconomy

КВАЛИТЕТ

ЕУРОИНГ денес е познат бренд на македонскиот градежен пазар во сите негови сегменти. Бројот на проекти од нискоградбата, високоградбата и хидроградбата кои се веќе реализирани или сеуште се реализираат во Македонија е навистина голем, а се поголемо е нашето учество и на меѓународниот пазар. Можеме да се пофалиме со успешна соработка со повеќе странски компании, како и проектите што за нив ги имаме реализирано во странство.

Денес, ЕУРОИНГ успаа да го издигне високо имиџот за квалитет во очите на бројните клиенти, што всушност е и своевидна гаранција за нашата беспрекорна работа и задоволството кај клиентите во исто време.

euroing-gevgelija-clubeconomy
euroing-gevgelija-clubeconomy

ПРОЕКТИ

  • • Изградба на систем за наводнување "Јужна Вардарска долина"

  • • Изведба на земјани и бетонски работи за Ветерен парк "Ветерници" во Општина Богданци

  • • Изградба на систем за третман на отпадни води во Гевгелија "Waste Water Treatment Plant Gevglelija"

  • • Изградба на автопат с. Смоквица- Гевгелија, како подизведувачи на Гранит

euroing-gevgelija-clubeconomy

ГРАДЕЖНА МЕХАНИЗАЦИЈА, СТРУЧЕН КАДАР - ПОДОБРА ЕФИКАСНОСТ

ЕУРОИНГ е компанија која постојано расте. Тоа се гледа од учеството на меѓународни тендери, постојаното зголемување на обемот на градежната механизација и возниот парк, како и зголемувањето на бројот на високо квалификуваната работна сила и новите стручни кадри.

Нашето мото е постојано да го зголемуваме капацитетот на производство, да ја подобриме ефикасноста и да остваруваме подобри финансиски резултати.

euroing-gevgelija-clubeconomy
euroing-gevgelija-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Нова локација Блокотехна, бр 16, 1480 Гевгелија
Град: Гевгелија
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи