Подетално за компанијата
ФОРМА
ФОРМА дооел e семејна компанија, основана во 1991 година, која која веќе е етаблирана како лидер на македонскиот пазар во областа индустриско маркирање, кодирање и контрола на производство. Со својата партнерска мрежа на светски познати компании: Videojet Technologies International, Willett International, Carl-Valentin Gmbg, Korthofah, SIC Marking и Prisma Industriale, нуди широк дијапазон на решенија за кодирање, маркирање и контрола во индустријата и тоа:
-
• Videojet Technologies - САД со својата сестринска компанија Willett International и Marsh е најголем светски производител на уреди за безконтактно маркирање на производи.
-
• Valentin Carl - Германија е производител на термал-трансфер принтери за етикети и системи за етикетирање.
-
• SIC Marking - Франција е водечки светски производител на уреди за маркирање по пат на директно гравирање во материјалот со ударна игла.
-
• Prisma Industriale е водечки италијански производител на метал детектори за контрола на производство и имплементација на НАССР системот.
-
• Reiner – Германија е единствен светски производител на рачни инк-џет уреди за мануелно обележување на производи.
ПРОДУКТИ
КВАЛИТЕТ
Во последните години дојде до вистинска експанзија на примената на нашите уреди во сите гранки на индустријата. Нашите клиенти ги користат за да го подобрат квалитетот на производите, да ја зајакнат контролата со обележување на датумот, времето, серискиот број, извозна декларација, етикета и многу други ознаки и знаци, како што се, на пример, УПОТРЕБЛИВО ДО. Воедно, опремата што ја нудиме претставуваат основен предуслов за добивање на ISO и HACCP сертификатите.
СЕРВИС И ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
Техничкиот центар на ФОРМА овозможува 24 часовна поддршка, 365 дена во годината. Располагаме со современи сервисни возила, резервни уреди за користење и константен лагер на резервни делови и конзумативи.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Прозорска бр. 13, П. Фах 103,
1300 Куманово
Град: Куманово
Држава: Македонија