ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








На вашиот генератор му е потребен редовен сервис

На вашиот генератор му е потребен редовен сервис

На вашиот ГЕНЕРАТОР, како и на секој мотор му е потребно рутинско, превентивно и редовно сервисирање за да се обезбеди системот дека ќе работи тогаш кога ќе биде потребен. Исто како и вашиот автомобил на кој му е потребен редовен сервис во одреден интервал, како време или километража за да не ве остави некаде по пат, така и ДИЗЕЛ ГЕНЕРАТОРОТ има потреба од редовни сервиси во одреден интервал на време и број на изработени часови. Со редовните сервиси на вашиот систем, ДИЗЕЛ ГЕНЕРАТОРОТ ќе биде подготвен тогаш кога е најпотребен.

Неколку совети како визуелно/периодично да го прегледате вашиот ГЕНЕРАТОР.

  • Периодично стартувајте го вашиот генератор за да можат внатрешните течности да се активираат и да проциркулираат во моторот.

  • Визуелно проверете го нивото на гориво, погледнете во внатрешноста дали има било какво истекување на течности, како масло, антифриз или гориво.

  • Визуелно проверете ја АКУ батеријата дали има коризија на контактите/терминали, проверете дали работи греајачот за разладната течност, бидејќи доколку моторот е ладен во зимски услови нема да стартува.

Повеќето од ДИЗЕЛ ГЕНЕРАТОРИ бараат редовни сервиси на интервал од 250 часа, додека некои на 500 изработени работни часови или на временски интервал од 12 месеци, зависно што попрво ќе истече.

Доколку немате напрaвено редовен сервис на вашиот генератор можете да не контактирате на следниве броеви:

+389 (0)75/423 515  |  +389 (0)71/329 829  |  +389 (0)75/287 685

ФИБЕРНЕТ обезбедува сервис на цела територија на Македонија, со сервисни екипи лоцирани во Скопје и Битола.