Фабриката Кристал ја прослави 100 годишнината од своето постоење, а како што наведуваат од компанијата, се особено горди бидејки во Македонија ретко кој може да се пофали со ваков љубилеј, повеќе од 80 производи и над 100,000,000+ верни купувачи ширум светот.
Извршниот директор Горанчо Лазов се заблагодари на поддршката на поранешните и сегашните работници, како и на менаџментот кои го вложија своето знаење, стручност и компетентност, за да може овој македонски бренд да се одржи толку долго на пазарот.
За Кристал, квалитетот е една од нивните главни вредности, па затоа како компанија постојано вложуваат во нови напредни технологии, како и во обновливи избори за енергија и намалување на загадувањето.
По повод сто годишнината, директорот Лазoв, ја најави и новата инвестиција - рафинерија со погон за дезодоризација на маслото за јадење, инвестиција за која ќе бидат издвоени 4,5 милиони евра и ќе овозможи најпознатиот производ на компанијата, маслото за јадење Кристал, да биде со уште поголем квалитет.
expr 824966438 + 832072347