Filters
Пребарување
ДРВО ПРОМ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ДРВО ПРОМ се занимава со производство и монтажа на градежна столарија со врвен квалитет

- ПВЦ прозорци и собни врати
- Алуминиумски системи на прозорци и врати, фасади 
- Ролетни
- Термопан стакло 
- Блиндирани врати
Производство на дрвени собни врати

Прозорците и вратите ги произведуваме од светски познатите производители на профили KMGKOMMERLING и ALUPLAST 

ДРВО ПРОМ - ПРИЈАТЕЛ НА ВАШИОТ ДОМ!

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:2008
ISO 14001:2004
OHSAS 18001 - Систем за управување со заштитата и безбедноста при работа

Подетално за компанијата

ДРВО ПРОМ

Од 1975 година сме повеќе од само компанија - ние сме дел од приказната на вашиот дом.

Веќе 49 години ние сме вашата прва дестинација за ПВЦ прозорци, внатрешни дрвени врати и надворешни панелни врати. Ние сме дел од приказната на вашиот дом. Низ нашите ПВЦ прозорци продира светлината на безброј драгоцени моменти, додека нашите внатрешни дрвени врати го обезбедуваат совршениот влез кон спомените што чекаат да бидат создадени.

Нашите надворешни панелни врати се квалитетни и безбедни, заштитувајќи го она што најмногу ви значи. Со секој производ што го создаваме, целиме да донесеме топлина, безбедност и убавина во вашиот дом.

Нашите Премиум ПВЦ прозорци се дизајнирани да ги исполнуваат највисоките стандарди на квалитет и трајност, комбинирајќи елегантен, современ дизајн со најсовремена технологија.

Панелни врати ПВЦ - Алуминиум Стакло Собни врати Дрво - Алуминиум
drvo-prom-clubeconomy

ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ

Повеќедецениското искуство во производство на градежна столарија, како и сертификатите ISO 9001 : 2008, ISO 14000 : 2004 и OHSAS 18001 - Систем за управување со заштитата и безбедноста при работа, со кои располага ДРВО ПРОМ од Кочани, се најголема гаранција за квалитет на градежната столарија што ја произведуваме и вградуваме.

Види повеќе
drvo-prom-clubeconomy

ПВЦ СТОЛАРИЈА

ПВЦ столаријата што ја произведува ДРВО ПРОМ е од заоблен профил систем, со шест и повеќе комори, со дебелина од 7 см и повеќе, вграден челичен профил од 1,5 мм, со врвна термичка и звучна изолација, со едно или две термопан стакла.

Види повеќе
drvo-prom-clubeconomy

ТЕХНОЛОГИЈА

ДРВО ПРОМ постојано ги следи светските трендови и иновации во оваа област. Располагаме со нова технологија за изработка на ПВЦ прозорци и собни врати, со ципиел фолија, во повеќе нијанси. ДРВО ПРОМ Кочани денес е водечка компанија во сегментот градежна столарија на македонскиот пазар и во регионот.

Види повеќе
drvo-prom-clubeconomy

ПОДРУЖНИЦИ

Производите на ДРВО ПРОМ можете да ги видите во нашите деловни простории во Кочани, како и во подружниците во:

  • - Скопје,Пат за Батинци бр. 1, Драчево 

  • - Штип, Ул. Васил Доганџиски бр. 15

Види повеќе
drvo-prom-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Крижевска бр. 20, 2300 Кочани
Град: Кочани
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Сашко Данилов


Мапа

Документи

Дрво Пром - Брошура - Дрво, Алуминиум, Собни врати

Дрво Пром - Брошура - Дрво, Алуминиум, Собни врати

Преземи