Filters
Пребарување
СОЛОПРОМ
Тел: +389 (0)2/26 14 030 - Подружница Бутел 1
Е-пошта: [email protected]
Club economy

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата СОЛОПРОМ се занимава со големопродажба, дистрибуција и малопродажба на сите сегменти на материјали за изработка на мебел и ентериери, како и со комплетниот сегмент на услуги на доработки до фаза на полупроизводи

Подетално за компанијата

СОЛОПРОМ

Солопром д.о.о. е основана во 1991 год. Со своето основање Солопром го промовира новиот концепт на продажба и услуги во дрвната индустрија на македонскиот пазар, со пионерска имплементација на бизнис концептот СЕ НА ЕДНО МЕСТО. Со тоа станавме промотори на овој бизнис концепт на македонскиот пазар, фокусирани на сегментот на средна до висока класа на материјали и производи.

Види повеќе

УСЛУГИ

За сегментот на услуги, а во склоп на малопродажниот сектор, Солопром одвои значително место за изградба на производствен погон. Го опреми со најсовремени технолошки машини за обработка на дрвни материјали како и обучен персонал кој секогаш внимава на квалитетот што излегува од машината со која ракуваат.

Ова се услугите кои ги нудиме:

  • • Кроење на плочести материјали (иверки, медијапани, лесонити,..)

  • • Кантирање на кроените материјали

  • • Доработки на ЦНЦ машини

  • • Обработка на медијапан и обложување со ПВЦ декоративни фолии

  • • Кантирање на кроените материјали со ПУР адхесив и топол воздух

Види повеќе
soloprom-clubeconomy

ПОДРУЖНИЦИ

Од своето основање до денес Солопром постојано растеше, најпрво преку својата понуда на производи и услуги, капацитетот на своите продажни, магацински и административни простории и отварање на нови продажни места на повеќе локации. Во 2004 година Солопром отвори уште едно продажно место – специјализиран дистрибутивен центар за големопродажба, на 20км од Скопје, на автопатот Скопје-Гевгелија.

Во 2011-та беа направени првите чекори на нашата најнова инвестиција, под проектно име „Солопром Архитект Спот“, која подоцна прерасна во нашиот нов бренд, под името ВИТРИНА.

Во 2014-та година отворена е подружницата во Кисела Вода, фокусирана на малопродажбата и понуда на услуги, замислена како алатка на сите столари и производители на мебел која ќе им помогне побрзо и поефикасно да ги завршат своите проекти.

Види повеќе
soloprom-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица:
Подружница Бутел 1
Ул. Душко Поповиќ бр. 1, Скопје

Подружница Кисела Вода
Ул. Христо Татарчев - 1 бр. 101 А, Скопје

Подружница ЦДЦ Катланово
Ул. 1, бб, Катланово, Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)2/26 14 030 - Подружница Бутел 1

+389 (0)2/26 28 870 - Подружница Бутел 1

+389 (0)2/27 46 401 – Подружница Кисела Вода

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи