Filters
Пребарување
РЕЗОНАТОР доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата РЕЗОНАТОР се занимава со производство на механизми за мебел

  • Механизам на развлекување
  • Механизми и рамки за лежаи
  • Механизми за каучи
  • Оков
  • Пластични делови за мебел

Продажба на секаков вид мебел во изложбено-продажен
салон МЕБЕЛ ИВАНА

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Производни и трговски фирми од индустријата за мебел. <br/> Фирми кои имаат потреба од производи и услуги кои можат да бидат изработени со нашите технолошки можности

Подетално за компанијата

РЕЗОНАТОР

РЕЗОНАТОР е компанија со долгогодишно работно искуство на македонскиот пазар. Во 1994 година, фирмата започнува да работи со производство и трговија на механизми за мебел и претставува првата македонска фабрика од овој вид. Примарна дејност на фирмата е производство на механизми, оков и пластични делови за мебел. Освен со производствена дејност, РЕЗОНАТОР се занимава и со трговија со секаков вид мебел.

rezonator-clubeconomy
rezonator-clubeconomy

Производствените и технолошки капацитети на РЕЗОНАТОР се состојат од:

  • • Одделение за пробивање и просекување на лимови и флахови од 16 ексцентар преси, со пресарски капацитети од 50 kN до 1630 kN

  • • Одделение за заварување и монтажа од 6 апарати за електролачно MIG/MAG заварување

  • • Одделение за сечење и виткање на лимови и флахови, со капацитет на сечење до 6 мм дебелина и виткање до 1 мм дебелина

  • • Одделение за бојадисување и пластификација на метални производи – Линија за автоматско електростатско-прашкасто бојадисување, со одмастување, испирање со вода, пасивизација и сушење на производот

  • • Аголно виткање на цевки и профили, со капацитет на виткање на профили до 40х40 мм и цевки до ф30 мм

  • • Производство на челични заковици (со дијаметар од ф4 мм, до ф12 мм и должина L≤50 мм)

  • • Производство на пластични делови; машини за вбризгување со капацитет на полнење до 100 гр и сила на затворање до 50 kN

  • • Алатница за изработка на алати за пробивање, просекување и виткање на лимови и флахови; изработка на алати за вбризгување на термопласти.

  • • Изработка на машински делови со CNC глодање, конвенционално глодање и стругање, дупчење, рамно и кружно брусење

  • • Изработка на пластични делови со 3D печатење (FDM 3D Printing), со резолуција до 0.04 mm

rezonator-clubeconomy
rezonator-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Александар Македонски бб, 7500 Прилеп
Ул. Васил Главинов бр. 25, Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт

Виктор Филипоски


Мапа

Документи