Подетално за компанијата
РЕЗОНАТОР
РЕЗОНАТОР е компанија со долгогодишно работно искуство на македонскиот пазар. Во 1994 година, фирмата започнува да работи со производство и трговија на механизми за мебел и претставува првата македонска фабрика од овој вид. Примарна дејност на фирмата е производство на механизми, оков и пластични делови за мебел. Освен со производствена дејност, РЕЗОНАТОР се занимава и со трговија со секаков вид мебел.
Производствените и технолошки капацитети на РЕЗОНАТОР се состојат од:
-
• Одделение за пробивање и просекување на лимови и флахови од 16 ексцентар преси, со пресарски капацитети од 50 kN до 1630 kN
-
• Одделение за заварување и монтажа од 6 апарати за електролачно MIG/MAG заварување
-
• Одделение за сечење и виткање на лимови и флахови, со капацитет на сечење до 6 мм дебелина и виткање до 1 мм дебелина
-
• Одделение за бојадисување и пластификација на метални производи – Линија за автоматско електростатско-прашкасто бојадисување, со одмастување, испирање со вода, пасивизација и сушење на производот
-
• Аголно виткање на цевки и профили, со капацитет на виткање на профили до 40х40 мм и цевки до ф30 мм
-
• Производство на челични заковици (со дијаметар од ф4 мм, до ф12 мм и должина L≤50 мм)
-
• Производство на пластични делови; машини за вбризгување со капацитет на полнење до 100 гр и сила на затворање до 50 kN
-
• Алатница за изработка на алати за пробивање, просекување и виткање на лимови и флахови; изработка на алати за вбризгување на термопласти.
-
• Изработка на машински делови со CNC глодање, конвенционално глодање и стругање, дупчење, рамно и кружно брусење
-
• Изработка на пластични делови со 3D печатење (FDM 3D Printing), со резолуција до 0.04 mm
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Александар Македонски бб, 7500 Прилеп
Ул. Васил Главинов бр. 25, Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија