Подетално за компанијата
Компанијата МФ СЕАЛС дооел увоз-извоз Скопје е формирана во 2011 година, како фирма ќерка фирма на МФ СЕАЛС доо Белград. Ние сме генерален застапник на реномираната европска компании: FREUDENBERG SEALING TECHNOLOGIES, во чиј состав се компаниите SIMIRIT, MERKEL I DICHTOMATIK, BURGAMNN PACKINGS, DMH, FRENZELIT, STENFLEX и FMI.
Програмата на МФ СЕАЛС Скопје се состои од два дела: производствен дел и продажба.
ПРОИЗВОДСТВО НА ЗАПТИВКИ
Производство на квалитетни заптивки изработени „по мерка“ на Seal Master машина. Изработуваме секаков вид заптивки за хидраулика, пневматика, бришач, водечка лента или некоја друга намена, во пречник од 6 мм до 500 мм, и тоа можеме да го изработиме веднаш. Оваа постапка на производство не подразбира претходна изработка на алат. Со Seal Master машината може да се изработи секоја димензија, стандардна, нестандардна или во цол мерки.
Со оваа постапка изработуваме заптивки од сите денес познати модерни материјали од кои се изработуваат, а тоа се: NBR, H-POLIURETAN, EPDM, H- NBR, PTFE/BRONZA, PTFE/STAKLO, FPM...
ПРОИЗВОДСТВО НА БЕЗАЗБЕСТНИ РАМНИ СТАТИЧКИ ЗАПТИВКИ
Произведуваме прецизни статички безазбестни заптивки во сите можни геометрии и контури, во димензии до 2.500 мм х 1.500 мм. Заптивачите ги произведуваме на CNC плотер, што значи дека нема трошоци за производство на алат и времето на производство е многу кратко. Максимално се искористува материјалот со користење на „nesting“ програмата (оптимално позиционирање на заптивката на работната плоча).
ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ
Прецизни
о-прстени
СЕМЕРИНЗИ – Радијални осовински заптивки
ТЕРМОИЗОЛАЦИОНИ БЕЗАЗБЕСТНИ МАТЕРИЈАЛИ
ЗАПТИВНИ БЕЗАЗБЕСТНИ ПЛЕТЕНКИ
БЕЗАЗБЕСТНИ
ПЛОЧИ
СПИРОМЕТАЛНИ ЗАПТИВКИ
Компензатори
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Димо Хаџи Димов бр. 40, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт