Filters
Пребарување
ЛЕМ-ЛИФТИНГ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

 

Компанијата ЛЕМ-ЛИФТИНГ нуди широк асортиман на квалитетна опрема за подигање товар: ремени, транспортни ленти, синџири, сајли, полиестерски траки за товар..., и аксесоари за нив,како куки, стеги, затеги, малотни, заштитници, алки, челични привезници, челичните јажиња со ушки, затеги...

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Компании од тешката индустрија, рудници, градежни компании, влечни служби, оранжерии, сите компании во кои се подигнува и затегнува товар

Подетално за компанијата

LEM - Lifting Equipment Macedonia, ЛЕМ ЛИФТИНГ е основана од втората генерација на семејната компанија МАЗО - ХЕМ која го опслужува домашниот пазар од 1991 година, со опрема за подигање и затегнување на секаков вид товар, подготвена секогаш да одговори на барањата на своите клиенти со навремени, брзи, точни и ефикасни услуги. Ние ви нудиме широк асортиман на, пред се, квалитетни производи, на големо и мало, по пристапни цени: сите видови и стандарди на челични јажиња (сајли) и аксесоари за нив, како куки, стеги, затеги, малотни (шкопци), заштитници (срца), алки, сите видови синџири и полиестерски траки за товар.

lem-lifting-clubeconomy
lem-lifting-clubeconomy

ЛЕМ ЛИФТИНГ соработува со повеќе од 1000 компании и со голема посветеност ги изработуваме производите кои придонесуваат за развојот на нивните бизниси. Нашите производи се застапени во тешкта индустрија, (металургија, металска индустрија, машинска индустрија, рударство, градежништво, каменоломи), секторот лифови, карго транспортот, земјоделието и шумарството... Тешките услови во кои работат овие индустрии бараат производите што ние им ги нудиме да бидат изработени според највисоки стандарди, да бидат тестирани и да имаат докажан квалитет.

Како компанија која е во директен контакт со клиентите се трудиме да ги запознаеме нивните потреби и според нивните барања да им изготвиме соодветни, технички совршени производи, а сето тоа да добијат најдобра услуга и достапна цена.

Нашиот успех се заснова врз гарантирање на квалитетот на нашите производи, кои се изработени според светски стандарди и кој е докажан со сертификати, бидејќи безбедноста при работа ни е секогаш на прво место.

lem-lifting-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Борис Трајковски бр. 117, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи

Бесконечни полиестерни каиши

Бесконечни полиестерни каиши

Преземи