Крушево е еден посебен свет, град-музеј во кој минатото и иднината можат да бидат почувствувани истовремено. Има многу причини зошто да го посетите: неговата нетипична стрмна чаршија, музејот Македониум, Мечкин Камен, спомен куќата на Тоше Проевски...
Која и да е причината за вашата посета на Крушево, поминете го вашиот одмор во еден од најдобрите планински хотели во Македонија – ХОТЕЛ МОНТАНА ПАЛАС. Уживајте во најубавиот поглед, највкусната храна и најтоплиот амбиет во овој град. Повеќето од нашите соби имаат спектакуларен поглед на Крушево, кој од оваа перспектива наликува на гнездо.
СПЕЦИЈАЛИТЕТ НА КУЌАТА: КРУШЕВСКА ПИТА, КРУШЕВСКИ КОЛБАС И КРУШЕВСКИ ЧОМЛЕК
Хотелскиот комплекс МАНАСТИР е сместен сред божествената убавина на Малешевијата, веднаш до манастирот Св. Архангел Михаил од кој е добиена и инспирацијата за неговата специфична манастирска архитектура.
Градот Берово и Малешевијата се мала територија, но тие сепак претставуваат уникатна комбинација на речиси недопрената природа, културно и историско наследство, етнографија, традиционална музика и ракотворби, елементи вешто спакувани и се вклучени во понудата на Манастир.
СПЕЦИЈАЛИТЕТ НА КУЌАТА: МАЛЕШЕВСКА ТАВА ВО КУКЛА ЛЕБ, КАЧАМАК СО ДОМАШНО МАСЛО И РЕБРА, БЕРОВСКО СИРЕЊЕ, БАБИНА ТОРТА, ГОРСКИ КОМПИР, БУЛАМАЧ, ДОМАШНО ЛЕПЧЕ, ПОПАРНИК, СЛАТКО ОД ШУМСКИ ЈАГОДИ...
URBANISTA Ве запознава со Астибо, Стипеон, Штип, Македонскиот Чикаго, или Манчестер, Градот под Исарот, градот во кој биле крунисувани пеонските кралеви. Пастрмајлијата, Кежовица, Исарот, Ново Село, Л’џите. Ова е само дел од душата на Штип.
Вашето омилено место во Штип, вашиот омилен хотел за престој во овој мал, но прекрасен град. Со пријателски персонал, удобни соби со многу удобности, не можете да добиете подобро од URBANISTA за вашите потреби.
СПЕЦИЈАЛИТЕТ НА КУЌАТА: 45 ВИДОВИ НА ПИВО