ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








15 Прашања за Миле Милановиќ - Генерален менаџер на МУЛТИХЕМ, Струмица

15 Прашања за Миле Милановиќ - Генерален менаџер на МУЛТИХЕМ, Струмица

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Основен мотив, ми е желбата за успех. Во секој проект приватен или професионален влегувам со 100% ангажман и добивам огромен стимул и сатисфакција од реализирани успешни проекти.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Би се дефинирал како капитен на тимот. Тимски играч кој слуша , но знае да пресече. Понесувам одговорност за колективот, но барам и индивидуална одговорност.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец?

Нешто измеѓу... Понекогаш вработените се мотивираат и со покажана емпатија кон нив, но ги прави сигурни цврстата рака.

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „воркохолици„?

Може да кажеме дека успешните менаџери се воркохолици, не секој менаџер е успешен...Било која позиција (менаџер, спортист, доктор) ако си воркохолик, ќе бидеш успешен во тоа што го работиш.

Се чуствувате ли и Вие така?

Се чувствувам воркохолик, но барам и баланс со приватниот живот.

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Dead line-от се повеќе се претвара во „слатко задоволство“, дополнителен адреналин во и така стресниот начин на живот. Проблемот е што секој ден е како dead line :)

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

Да, баш тоа внатрешно натпреварувачко чувство прво да се натпреварувам со опкружувањето, а после со самиот себе, е силен „бустер“ за успешност и истрајност во бизнисот.

Конкуренцијата – пријател или непријател?

„ГОРЧЛИВО ЗАДОВОЛСТВО“  :) ... доколку е „лојална конкуренција“ и те како треба да ја има. За жал кај нас конкуренцијата (нелојалната) е и една од клучните сопирачки за развојот на економијата. 

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Ако на секој камен по патот му обрнуваме внимание, никогаш нема да стигнеме до целта.

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Во помалите средини (провинции) полесно се наоѓa лично време. Доволно е времето што не го губиме во сообраќаен хаос да го посветиме на семејството. Идеален баланс нема, но како приоритети семејството ми е високо на листата.

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Етно ресторан (но со комотни столици, не клупи :). До мене езерце или поточе и се разбира ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ :)

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Од спорт се, дури и фанатично :) ... најмногу фудбал, кошарка, формула 1 ...

Филм или театар?

Голем лубител на филм, но и чест гостин на театарот.

Книга за на плажа?

Трилер приказни: Стив Бери, Ли Чајлд , Роберт Ладлам, Ју Несбе, Себастијан Фицек, Ден Браун ...

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери... 

Да не се плашат од неуспех. Да преземат иницијативи, да преземат ризици, да знаат дека сами си ја кројат судбината. И најбитно од се: НА ДОБРИТЕ ЛУЃЕ, ДОБРИ РАБОТИ ИМ СЕ СЛУЧУВААТ!!!