Подетално за компанијата
Компанијата ФЛУИД ПРОЕКТ се занимава со консалтинг, проектирање и изведба на проекти за третман на вода, како и увоз и продажба на потребната опрема и препарати за третман на вода. ФЛУИД ПРОЕКТ постои веќе 25 години и во досегашната работа го покрива пазарот во Македонија, но и дел од интернационалниот пазар, како Косово, Бугарија, БиХ, Србија, Албанија, Кувајт и Гана. Исто така, компанијата е дел од повеќе еколошки студии и проекти од областа на заштита на животната средина, истражувања на водните ресурси и заштита на подводни археолошки и природни реткости.
Значаен сегмент во активностите на ФЛУИД ПРОЕКТ е проектирање и изведба на базени, СПА центри и фонтани, од сите големини и намени, за кои ја обезбедуваме потребната опрема, препаратите за одржување на квалитетот на водата, дополнителната опрема за покривање, чистење, осветлување, освежување... Дел од нашата услуга е и месечното одржување на базените, при што нашата екипа еднаш неделно врши целосно чистење, контрола на квалитетот на водата, чистење на филтрите, со опрема на ФЛУИД ПРОЕКТ.
Компанијата ФЛУИД ПРОЕКТ се занимава и со проектирање и изведба на проекти во доменот на: третман на вода за индустрии од различни области, третман на вода за производство на медицински канабис и други земјоделски култури, третман на отпадна вода од индустрии и нејзина реупотреба, третман на вода за домаќинство, третман на вода за медицински цели... За сите овие проекти ја обезбедуваме и ја инсталираме потребната опрема, препаратите за нејзино функционирање, дополнителната опрема и вршиме контрола на квалитетот на водата која е третирана.
ФЛУИД ПРОЕКТ обезбедува одржување и сервис на опремата вградена во сите изведени проекти, како и контрола на нивното функционирање, односно квалитетот на третманот на водата.
Контакт информации
Адреса
Улица: Бул. Србија бр. 9, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија