ДЕЈНОСТИ
Подетално за компанијата
EUROEDIL HOLDING
Компанијата EUROEDIL HOLDING дооел е основана 2004 година и одтогаш до денес има постојан развој, следејќи ги најновите трендови во бизнисот со челик, челични конструкции и производство на елементи за челични конструкции.
Основната дејност на EUROEDIL HOLDING е сечење на лим во ленти во различни димензии, производство на елементи за висечки системи за монтирање на гипсени додатоци (hanging systems for gypsum accessories), изработка и монтажа на челични и покривни конструкции и делови на конструкции.
СЕРТИФИКАТИ
Нашата цел е да имаме задоволни клиенти, да произведуваме функционални и висококвалитетни конструкции, кои како дела долго ќе зборуват за нашата посветеност, професионалност и квалитет. Целосно сме посветени на примената на квалитетот како систем на работа, при што управувањето со аспектите на околината и безбедноста на вработените имаат големо значење. Потврда за овие наши заложби се трите сертификати што EUROEDIL HOLDING ги поседувa: ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и 45001:2018.
УСЛУГИ
EUROEDIL HOLDING располага со најсовремена технологија, со која според светските стандарди си изведува следниве активности:
-
• Сечење на лим во ленти во различни димензии
-
• Производство на елементи за висечки системи за монтирање на гипсени додатоци
-
• Изработка на делови на конструкции
-
• Производство на алати за просекување,виткање и извлекување
-
• Нискоградба, изградба и реконструкција на улици и патишта
Стоиме на располагање за секоја услуга во секторот со челик, челични лимови и елементи.
Контакт информации
Адреса
Улица:
Седиште
с. Скудриње, Марвово и Ростуше, 1257 Дебар
Подружница
Ул.1550 бр.20, Индустриска зона Визбегово, Скопје
Град: Дебар
Држава: Македонија