Подетално за компанијата
ЕЛМЕД
Индустрија
Компанијата ЕЛМЕД ја започнува својата дејност во 1991 година во секторот на индустријата преку поддршка со опрема за индустриското обележување и следливост на производ каде сѐ уште работи како водечка куќа во Македонија. Годините работа и истражување на пазарот овозможуваат во 1995 година компанијата својата експертиза да ја прошири и во медицинскиот сектор.
Во доменот на индустријата ЕЛМЕД претставува генерален застапник на следните светски брендови:
-
• DOMINO – водечки светски производител на системи за бесконтактно обележување. Познато е дека Domino апаратите се лидер во светот за ink jet маркирање. Познатите свтески компании како што се Coca Cola, Pepsi, Nestle и многу други веќе долго време ги означуваат своите производи со Domino маркирачите, што е повеќе од доказ за нивниот квалитет и традиционалната Англиска доверливост.
-
• WIEDENBACH – претставува водечки снабдувач на континуирани Ink-jet принтери, како и специјални апликативни решенија.
-
• ANSER – производител на термал Ink-jet принтери базирани на термал Ink-jet технологијата која претставува ценовно ефикасно решение за индустриско обележување на производите.
-
• LOMA – претставува светски врв во дизајн и производство на метал детектори, проточни ваги и X-ray системи наменети за прехрамбената, фармацевтската и индустријата за пакување. Проектирани се за да ги задоволат најстрогите стандарди поврзани со безбедноста на производите, идентификување на недостатоците на производите и елиминација на секоја можност за контаминација.
-
• HERMA – преставува водечки производител на системи за апликација на самолепливи етикети. Дизајнира и произведува високо квалитетни стандарни и системи за етикетирање со специјална примена.
-
• ROBOPAC – светски лидер во производство на автоматски машини и системи за завиткување на производите со најлонска фолија и истите се прилагодени според специфичните барања на клиентите со што се обезбедува заштита и стабилност на производите при складирање или транспорт.
-
• VALCO MELTON – компанија за производство на системи специјализирани за лепење со топлив лепак. Машините се одликуваат со оптимална доверливост и потполна контрола на работата се со цел да се задоволат потребите на корисниците ширум светот.
-
• FT SYSTEM – компанија за производство на опрема за инспекција и контрола на производи која осигурува исправност на пакувањето и визуелниот изглед на производот, со што се обезбедува квалитет на производите и брендот. Инспекциските системи својата примена ја ноѓаат во индустријата за пијалоци, храна, хемија, козметика како и фармацевтската индустрија.
-
• SISMA и TELESIS–светски познатi производителi чија дејност е дизајн и производство на високо-прецизни ласерски уреди наменети за обележување во индустријата и златарството. Ласерите овозможуваат трајно обележување на производи како што се: метални компоненти, пластика и други цврсти елементи како и можност за прецизно сечење на материјалите при големи брзини.
-
• TOSHIBA и CAB – се производители со широка палета на принтери за етикети со највисок квалитет, исклучителни перформанси и доверливост кои работат на принцип термо-трансфер и термо-директ технологија.
-
• ARMOR (INKANTO) – компанија лидер во производство на рибони кои се користат при термо-трансфер технологијата на принтање на баркодови,QR кодови, логоа и други информации на етикетите или флексибилните пакувања. Познати се по отпорноста на абразија при ракување како и на температурни, хемиски и климатски влијанија.
ЕЛМЕД
Медицина
Уште од 1995 година Елмед ја проширува својата дејност и кон промоција, продажба и сервис на врвни апарати од областа на медицината преку брендовите:
-
• ISKRA MEDICAL – докажан бренд во медицинскиот домен преку производство на сертифицирани виококвалитетни апарати за физикална терапија, рехабилитација, спортска и естетска медицина. Апаратите ги исполнуваат критериумите на запдно-европскиот пазар кој секојдневно поставува нови и се построги норми кога станува збор за производство на апарати за физикална терапија.
-
• Habys – полски производител на преносни масажни кревети, кревети за киропрактика, масажа и спа центри. Плод на напорна работа на инженери, дизајнери и стилисти кои секојдневно соработуваат со клиентите. Habys брендот е гаранција за уникатен квалитет проследен со исклучителна рачна изработка.
-
• Ultrasun International – производители на солариуми по холандски дизајн и германско инженерство. Пионери во одговорното сончање, промотери на сончева светлина и витамин Д и креатори на луксузни велнес искуства.
-
• Dr. Müller – реномиран холандски производител на иновативни уреди за колагенска и светлосна терапија за убавина. Палетата производи на Dr. Müller вклучува уреди со светлосна терапија кои емитуваат црвена, зелена и сина светлина. Овие светла и помагаат на кожата да го зголеми производството на колаген и еластин, ја подмладува, измазнува и осветлува кожата.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. 27, бр. 16 г, 1041 Населба Илинден
Град: Скопје
Држава: Македонија