Подетално за компанијата
ШУМСКИ ПЕЧУРКИ
БИМФООД е еден од поголемите откупни и преработувачки центри за шумски печурки во републиката. Како наша водечка дејност, печурките ги собираме од строго контролирани и сертифицирани добавувачи. Печурките потоа ги преработуваме и ги извезуваме до крајните купувачи ширум Европа како свежи, замрзнати, суви или саламурени.
Нашите вработени кои ги преработуваат печурките, поседуваат сертификати од Македонското миколошко друштво (ММД) со седиште во Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Останати продукти кои ги преработуваме во БИМФООД се: шумски јагоди, малини, капини, боровинки, шипинки, вишни, модри сливи, костени... БИМФООД, исто така, е една од поголемите преработувачки индустрии во Македонија на пиперката „капија“ (ајварка), со сезонска преработка од 3.000 - 3.500 тони суровина и 2.000 тони готов производ.
ТЕХНОЛОГИЈА
Поседуваме најсовремена технологија за преработка на суровини во нашата дејност, која константно се обновува и модернизира.
ПРЕРАБОТКА
Преработувачкиот дел е опремен со линии за преработка на суровина до спакуван готов производ спремен за извоз. (Контрола на влез на суровина, селектирање, калибрација, чистење, миење, отсекување, обескостување, ласерска детекција на лоша суровина, метал детекција).
Поседуваме проточен тунел од најнова генерација IQF технологија со капацитет од 2.500 кг. на час и статичен тунел за длабоко замрзнување, со капацитет од 70.000 килограми дневно.
КАПАЦИТЕТ
Во склоп на фабриката имаме комори и предкомори за одржување на суровината и готовиот производ, со вкупен капацитет од 4.000 тони.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Александар Македонски бб.
П.Фах 117, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија