Filters
Пребарување
ВИНТ ПЛУС дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ВИНТ ПЛУС се занимава со
- Трговија со сијалици и опрема за осветлување
- Проектирање и изведба на светлосни решенија, енергетско ефикасни решенија и консултации
Овластен дистрибутер за PHILIPS

 

ВИНТ ПЛУС дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

 
вашиот партнер во осветлувањето

ВИНТ ПЛУС

 

Внатрешно осветлување

Компанијата ВИНТ ПЛУС нуди широка палета на специјализирани сијалици за внатрешно осветлување кои со сигурност ќе придонесат за креирање модерен и пријатен простор, простор кој поддржува работна атмосфера и позитивна околина, истовремено нудејќи импресивни заштеди на енергија.

Надворешно осветлување

Во ВИНТ ПЛУС сме посветени на креирање иновативни решенија за надворешно осветлување кои влијаат позитивно на околината и луѓето. Нашите решенија, наспроти своите функционални аспекти, истовремено ги разубавуваат урбаните предели и нудат пријатност и идентитет на окружувањето.

Комплетни решенија

Нудиме комплетни решенија, елементи и софтвер за автоматизација на објекти, олеснувајќи ви го целиот процес на осветлување и менаџирање на осветлувањето. Високо квалитетно, автоматизирано и никогаш поедноставно, со нашите решенија за управување на осветлувањето на објекти.

овластен дистрибутер на Philips Lighting

ВИНТ ПЛУС дооел е трговско друштво основано во 1998 година со седиште во Скопје. Почнавме како овластен дистрибутер на TEZ – Загреб. Со понатамошниот развој и со својата докажана професионалност фирмата се разви и стана овластен дистрибутер на Philips Lighting. Како наш модел во ВИНТ ПЛУС ја следиме посветеноста на Philips во генералните бизнис принципи кои се однесуваат на интегритетот и етиката при водењето бизнис. Во ВИНТ ПЛУС ги следиме и се водиме според тие принципи во сите наши донесени одлуки и постапки кон купувачите, кон поддоговарачите, кон вработените, како и кон сите други вклучени учесници. Финансискиот етички код, како и етичкиот код при набавките се дополнителен водич на ВИНТ во секојдневното работење и водење на бизнисот.

vint-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Варшавска бр. 4, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Владо Илиевски


Мапа