Подетално за компанијата
-
ВИДЕО АЛАРМ
Компанијата "ВИДЕО АЛАРМ", успешно делува и работи на полето на сигурносно-техничката заштита на објекти и отворени простори повеќе од 30 години, и е една од водечките компании во тој домен во Македонија. Како специјализирана компанија, чија основна и единствена дејност е проектирање, набавка и изведба на системи за ВИДЕО НАДЗОР - локален и далечински, ПП Системи, системи за КОНТРОЛА на ПРИСТАП и ЕВИДЕНЦИЈА на работно време, системи за ДЕТЕКЦИЈА и ДОЈАВА на провала и кражба и ВИДЕО-ДОМОФОНСКИ и системи за ИНТЕРФОНСКА КОМУНИКАЦИЈА, АВТОМАТСКИ БАРИЕРИ за возила и АВТОМАТИКА ЗА ВРАТИ, изведуваме и во состојба сме да понудиме комплетни решенија за истите.
-
ПРОЕКТИРАЊЕ И ИЗВЕДБА НА СИСТЕМИТЕ
Во своето долгогодишно работење нашата компанија се одликува со професионална и брза изведба на дадените задачи и договорените работи. Сето тоа е овозможено од постојаната опременост на компанијата со потребните компоненти за системите - како постојан лагер на опремата за системите што ги нуди и располагањето на компанијата со стручен кадар од 8 вработени лица, од кои 7 лица се технички оспособени и се директно вклучени во проектирањето и изведбата на системите.
-
ДОЛГОГОДИШНО ИСКУСТВО
Исто така, "ВИДЕО АЛАРМ" располага со сервисни простории опремени со најсовремена опрема и инструменти, а на располагање се и две екипи подготвени за интервенција по повик. Стручноста на екипите се гледа и во нашето долгогодишно искуство и работење со системи за видео надзор, системи за контрола и евиденција на пристап и системи за противпровална заштита. Исто така, како застапници на призводителите CCTV SONY Japan , IDTECK Korea, CROW Israel, VIDEO DOMAIN Israel, CAME Italy, ELKRON Italy, BEYOND Taiwan, располагаме со резервни делови, модули и уреди за брза и навремена интервенција, за што е гаранција легерот што постојано го имаме за нив, заедно со целокупната оригинална сервисна документација што ја имаме за наведената опрема.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Народен Фронт бр. 13/5, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија