ДЕЈНОСТ
Основна дејност на компанијата ВАРДАРГРАДБА – ДОО - Скопје е изведба на хидро-градежни објекти и објекти од висока градба, како и производство и продажба на градежни производи (песок, бетон, арматура).
Компанијата е формирана во 1999 година, од основачот дипл.град.инг. Петар Тасески и до сега има учествувано на многу проекти и изградено повеќе од 100 објекти насекаде низ Македонија, каде како инвеститори се јавувале Владата на РМ, преку нејзините ресорни министерства, општините и странски организации преку нивните донации (OBSE, EAR, UNDP).
Располагаме со соодветна градежна опрема и механизација и алати, како и со стручен кадар кој ни овозможува навремено, квалитетно и професионално да одговориме на нашите обврски. ВАРДАРГРАДБА од неговото основање, па до денес, постојано го зголемува бројот на вработените, соодветно на проширувањето и развојот.