Подетално за компанијата
Млекарницата ВАРДАРЕЦ е лоцирана во југоисточниот дел на Македонија, во селото Удово. Се занимава со откуп на млеко и производство на 100 % природно сирење, кашкавал и урда. Млекарницата е успешна приказна на еден семеен бизнис кој континуирано се развива и чии производи веќе се пласираат во повеќе синџири на маркети во Македонија, како и во други помали продавници.
Млекарницата ВАРДАРЕЦ е во сопственост на семејството Кавазови од Удово и денес веќе има 25 години традиција. Клучот на успехот на оваа млекарница е во воспоставувањето долгорочна соработка со локалните сточари кои произведуваат млеко во исклучително чиста средина, главно со природна паша на кравите, овците и козите, а потоа квалитетното млеко се преработува со висока технологија, по највисоки стандарди. Резултатот е производство на 100 % природно сирење, кашкавал и урда, со препознатлив вкус и одличен квалитет.
Последната инвестиција на Млекарницата ВАРДАРЕЦ е новиот производствен погон кој се наоѓа во Индустриската зона во Јосифово. Новиот објект е веќе во фукција, во него се работи со најсовремена опрема и технологија, а капацитетот на производството е зголемен за повеќе од 400 проценти.
ПРОИЗВОДИ
• Кравјо сирење
• Овчо сирење
• Козјо сирење
• Мешано сирење
• Кравји кашкавал
• Мешан кашкавал
• Кравја урда
КОЈ ПРОБАЛ, ЗНАЕ!
Контакт информации
Адреса
Улица: Село Удово, 2460 Валандово
Град: Валандово
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт
Трајче Кавазов