Подетално за компанијата
ВАМЕТАЛ
ВАМЕТАЛ е компанија чија основна дејност е трговија со лимарски производи. Уште од самите почетоци се стремиме кон високи стандарди за нашите услуги како и нудење на конкурентни цени. Цврсто стоиме зад фактот дека довербата која ја имаат клиентите во нас е резултат на професионализмот и ефикасноста на стручниот персонал. Доказ за нашиот квалитет е долгата листа на клиенти која секојдневно се зголемува. Нашата понуда се состои од ладно и топловалани лимови, поцинкувани и пластифицирани лимови, олуци, лимарска галантерија, табли, трапезоидни лимови, лим во вид на керамиди, сендвич панели, градежна лимарија...
Компанијата ВАМЕТАЛ е основанa во 2000 година и на почетокот од своето работење беше орентирана кон трговијата со ладновални и топловани лимови. Во 2003-та ВАМЕТАЛ инвестираше во нов сопствен магацински и производствен погон, со што го проширивме асортиманот и започнавме со трговија на поцинкуван и пластифициран лим. Водени од желбата да бидеме поблиску до потребите на клиентите и да ја зголемуваме палетата на производи, ВАМЕТАЛ ги насочи инвестициите во набавка на машини со што го создадовме првиот сервисен центар за лимови и метали во југоисточниот регион на Македонија. Континуираното инвестирање во развојот придонесе со текот на годините ВАМЕТАЛ да израсне во една од водечките фирми од областа на производството, продажбата и монтажата на профилирани наребрени лимови, челични конструкции, олуци, градежна лимарија и вкупната лимена галантерија.
СОРАБОТКА
Во 2012 година ВАМЕТАЛ потпиша договор со PAGOUNI DOMOLAM производител на сендвич панели од Грција, со што станавме овластен дилер за Македонија на целокупната нивна програма и воедно формиравме стручен тим за монтажа на полиуретнаски сендвич панели, погодни за изградба на индустриски објекти.
Денес фирмата брои 15 вработени, 20 постојани коопернати, 1 сопствен современ погон со нови современи машини и свој возен парк.
Машински парк:
- Ролл форминг машина со профил ТР 35/210 и ТР 20/170, на која може да се врши профилирање на сите лимови со неограничена должина, со точност на дел од милиметарот
- Ролл форминг машина за обликување на лимот во вид на ќерамида, во неограничени должини според потребите на клиентите
- Апканти за изработка на лимена галантерија: слемиња, ветерлајсни, икснии и други елементи од лим до 8 метри
- Машина за надолжно сечење на лим до дебелина од 1 мм и широчина на ленти дадени од нарачателот.
ВАМЕТАЛ има мобилни екипи со кои изведува монтирање на покриви од пластифициран, бакарен, алуминиумски и поцинкуван лим, монтажа на челични конструкции, изведба на индустриски објекти (во сите потребни фази за нивна изведба), вентилација и сите елементи од градежна лимарија.
Контакт информации
Адреса
Улица: Индустриска зона север, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија