Подетално за компанијата
УНИПРЕС - Претпријатие за новинско издавачка дејност, производство, услуги и трговија на големо и мало, е водечка фирма во Македонија за производството на знамиња, канцелариски и надворешни јарболи, дигитално печатење на текстил, сито печат, изработка на светлечки реклами.
Изработуваме знамиња за внатрешна и надворешна употреба, државни знамиња, комерцијални знамиња, знамиња на компании, знамиња за најразлични манифестации... Знамињата на УНИПРЕС се изложени насекаде: во домовите, јавните објекти, општините, спортските клубови и сојузи, хотелите, претпријатијата, улиците. Корисници на нашите услугите се и многубројните странски амбасади и мисии во Македонија и надвор од неа.


Освен знамиња, во УНИПРЕС може да најдете и најразлични видови и модели на канцелариски сталаци за знамиња за бироа, изработени од месинг, алуминиум, пластика... Произведуваме и повеќе видови на јарболи за внатрешна и надворешна употреба.
Посебен сегмент во активностите на УНИПРЕС е и одделот за изработка на светлечки реклами, кои ги изработуваме со максимална прецизност, од аспект на обликот и колоритот, во што ни помага софистицираната опрема со која располагаме. Во УНИПРЕС изработуваме и најразлични банери, од идеја до реализација, како што се: Л банери, Рол банери, Банери на трска...
Почетоците на УНИПРЕС се од далечната 1991 година, како мал семеен бизнис. Денес компанијата има повеќе од 10 вработени. Задоволувајќи ги желбите на купувачите, пред се, со врвниот квалитет, прецизните рокови за испорака и достапни цени, во сите овие години постоење УНИПРЕС стекна голема доверба и углед на македонскиот пазар и пошироко. Располагаме со производствени капацитети за печатење и шиење. Производниот процес на знамиња постојано се усовршува, што ни овозможува да држиме чекор со времето и барањата на пазарот. Печатницата на УНИПРЕС е опремена со дигитални машини - плотери кои овозможуваат најбрз печат со врвен квалитет на платно, церади и на хартија.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Костурски Херои бр. 17/9, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија