Подетално за компанијата
ТРИО 95
Компанијата ТРИО 95 доо Прилеп почна со работи во 1995 година и денес има над 70 вработени. На почетокот започнавме како обична пицерија која работеше во трафика. По извесен период од трафиката се преместивме во неколку поголеми објекти и како пицерија успешно работевме до пред неколку години.
ПРОИЗВОДСТВО
Паралелно со синџирот пицерии почнавме бизнис и со производство на пакувани готови пици, потоа производство на тесто за пици, пирошки, лиснато тесто, кори за пита и баклава во замрзната состојба. Потрошувачите веднаш го почуствуваа квалитетот на нашите производи, брзо го освоивме пазарот и денес оваа смрзната програма ја дистрибуираме со сопствени возила до сите поголеми маркети и супермаркети ширум Македонија.
КВАЛИТЕТ
Во моментов ТРИО 95 доо располага со сопствен објект, со површина од 1000 м2 и сопствен возен парк. Нашите производи се произведени од внимателно селектирани состојки со висок квалитет, во строги хигиенски услови и со современа опрема и технологија која ги задоволува и најстрогите барања на HACCP и ISO 22000:2005 системите за контрола на квалитетот.
ПРОИЗВОДИ НА ТРИО
ВКУС ЗА ВАШАТА ТРПЕЗА
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Браќа Миладиновци бр.1-3, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија