ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








И за покривот важи: подобро да спречиш, отколку да лечиш!

И за покривот важи: подобро да спречиш, отколку да лечиш!

Ако вашиот покрив досега покажувал некои знаци дека треба да се санира или реновира, не чекајте да биде доцна – средете го сега!

На сите ни е лесно да ги забораваме работите, односно проблемите што не се многу големи. Кога станува збор за куќата, тие проблеми, кои ги ставаме под тепих поради немање време и енергија да се занимаваме со нив, знаат да пораснат толку големи што кога ќе „пукнат“, мораме да ги решаваме веднаш. Што секогаш значи – со најмногу стрес и со најмногу пари.

Со овој текст сакаме да ве потсетиме на време ако покривот е една од работите на вашата куќа што треба да се средува – да го направите тоа веднаш!

Еднаш се гради покрив

Со доаѓањето на студените есенски денови и со затворањето внатре, куќата почнува да нè потсетува на своите потреби. За да не ни бега топлината, размислуваме дали вратите и прозорците дихтуваат добро. За да бидеме максимално заштитени од дождови и бури – дали покривот ни е како што треба.

Ако знаете дека на вашиот дом му е време да добие нов покрив, не чекајте подобри денови. Најдобрите денови се овие сега. А бидејќи покрив се гради еднаш за да трае, најдобрите материјали за градење се оние што се природни, произведени со врвна технологија и што имаат гаранција за својот квалитет.

Погледнете што сè се нуди во рамки на широкото портфолио на брендот Тондах. Тука можете да најдете природни глинени ќерамиди во многу форми, бои и формати, како и дополнителни елементи за градење на покривот како едно целосно системско решение.

Двапати размисли, па одлучи

Дали сте знаеле дека за енергетската ефикасност на куќата колку што придонесуваат ѕидовите со прозорците и вратите, толку е важен и покривот?

Покривот од Тондах направен како целосно системско решение нуди максимална заштита од сите временски услови, додека во исто претставува одлична изолација и бели дробови на куќата. Покривот штити од домот да бега топлината во студентите денови, но затоа неговите составни делови, како што е паропропусната фолија, на пример, овозможуваат влагата што доаѓа во просторот под покривот да испари, т.е. да излезе низ него.

Трипати мери, еднаш Тондах

Кога се гради нов покрив, нормално е да се прават многу математики. Но, ако сакате да си олесните, измерете ги прво сите работи погоре.

Второ мерење нека ви биде големината на Тондах како бренд на компанијата „Винербергер“, која има традиција подолга од 200 години во производство на глинени градежни производи и тоа што за новиот покрив ќе добиете гаранција од 33 години.

За третото мерење може да ви помогне и промотивната понуда, во која можете да добиете ВАУЧЕР ОД 100 ЕВРА ЗА ВАШИОТ НОВ ПОКРИВ.

Откако измеривте и премеривте, ако вашиот покрив досега покажувал некои знаци дека треба да се санира или реновира, не чекајте да биде доцна – средете го сега! А решението, колку и да мислите и мерите, на крај секогаш ќе се сведе на: „Три пати мери, еднаш Тондах!“.

Како да добиете ваучер од 100 евра за нов покрив?

Погледнете ТУКА.