Подетално за компанијата
Компанијата ТИНГ-ИНОКС од Кочани има докажана индустриска традиција и денес е еден од најзначајните македонски производители на опрема од нерѓосувачки челик. Основана е во 1990 година од страна на господинот Славе Јорданов, дипломиран машински инженер, визионер, кој сите свои делувања и одлуки ги насочил на градење и одржување долгорочни, партнерски релации со клиентите базирани врз доверба.
Постојано водиме грижа сé што создаваме, секогаш да носи дополнителна вредност за нашите клиенти. Нашиот тим претставува клучен фактор за тоа кои сме, како функционираме и како ја градиме иднината. Вистинската продуктивност и континуираната посветеност произлегуваат од инспирираните и задоволни вработени, мотивирани да се соочат со сите предизвици.

Производствените погони на ТИНГ-ИНОКС во моментов зафаќаат површина од 10.000 м², а компанијата брои околу 120 вработени. Спектарот на групи на производи кој го негуваме опфаќа: процесна опрема за прехранбената, хемиската и автомобилската индустрија, сериско производство на бојлери за домашна и индустриска употреба, хотелиерство и производство на иновативен систем за свежа вода составен од бојлери со бафер танкови и изменувачи на топлина од нерѓосувачки челик. Производите на компанијата се извезуваат во повеќе од 15 држави во светот. Околу 80 проценти од вкупното производство е наменето за извоз, 20 проценти се производи наменети за домашен пазар.

Континуирано инвестираме во нови технологии кои се потребни за нашето производство и нашите клиенти. Особено посветуваме внимание во полето на заварувањето, машинската обработка и примената на технолошки иновации. Постојано се надополнуваме со современи софтверски решенија, нови методи на заварување надополнети со долгогодишната експертиза во индустријата. Тоа ни овозможува да дадеме врвна услуга во согласност со највисоките деловни стандарди и реализација на најкомплексните барања на клиентите.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Унгарска бр. 17, 2300 Кочани
Град: Кочани
Држава: Македонија
Мапа
Документи



