Подетално за компанијата
Во Sweet Gift Shop ТАГАС БАЛКАН ќе го купите најубавиот и најслаткиот сувенир од Крушево – КРУШЕВСКИ ЛОКУМ со ореви и со лешник и кокос. Дел од слатката традиција од овој град, која можете да ја земете со себе и чиј вкус не смеете да го пропуштите, се и ЦЕЛУВКИТЕ со кокос и ореви.
Не можете да кажете дека сте биле во Крушево, ако за дома не го понесете најслаткиот крушевски сувенир, а тоа е КРУШЕВСКИОТ ЛОКУМ од крушевската слаткарница ТАГАС БАЛКАН, слаткарница која како нем сведок говори за крушевската историја, крушевската традиција, старите крушевски чаршиски муабети помеѓу крушевските занаетчии, како и слаткарница која зборува за една новата иднина која допрва доаѓа, за новото време во следните 100 години. Зашто слаткарницата ТАГАС БАЛКАН, во 2021 година веќе го прослави првиот век од своето постоење.
Мирисот на шеќерната арома се чувствува кога се поминувате крај оваа продавница за локум и целуфки на семејството Нико и Билјана Чоневи. Мирис кој никој не го остава рамнодушен. А рецептите се стари еден век, од Ѓорѓи Тагас, првиот мајстор на ТАГАС БАЛКАН.
Локумот на ТАГАС БАЛКАН има прошетано низ сите континенти. Од него се сладеле луѓе од сите краишта од планената, уживале дипломати, пробал и секој еден кој го посетил прекрасното Крушево и сите, буквално сите, биле воодушевени од сладкиот и единствен вкус. Крушевските мајстори сега го промовираа и нивниот најнов производ, локум со кокос и лешник, кој сега е достапен во ТАГАС БАЛКАН Sweet Gift Shop, а можете да го добиете и по порачка, по карго до секое место во Македонија. Да не ги заборавиме, тука се и традиционалниот локум со и без ореви и прекрасните целувките со кокос и со ореви.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Шула Мина бб, 7550 Крушево
Град: Крушево
Држава: Македонија