Подетално за компанијата
ПРОИЗВОДИ ОД ПРИРОДАТА!
Компанијата СУПЕРКИЗ дооел од Ново Село, Куманово своето работење го почна во примарното земјоделско производство, што и денес е една од нашите основни дејности. На пазарот веќе сме познати по производството на пченица, јачмен, пченка и тритикале, пред се, заради одличниот квалитет, кој од година во године го подобруваме, користејќи најмодерна механизација и најсовремена технологија за земјоделско производство. Во доменот на примарното земјоделско производство сме познати и по производството на сончоглед, во што, исто така, остваруваме значајни приноси и максимален квалитет.
ГРАДИНАРСКИ КУЛТУРИ
Со текот на годините ги проширивме активностите и во производство на градинарски култури, пред се, на пиперки, зелка, компири и други градинарски производи.
ТУРШИЈА И КИСЕЛА ЗЕЛКА
Денес СУПЕРКИЗ може да се пофали и со широка палета производи, добиена со преработка на земјоделски производи, од кои посенбо би ги издвоиле производството на кисела зелка и производството на мешана домашна туршија. И двете програми на пазарот се пласираат во различни видови на пакување, со тоа што киселата зелка се продава како цели главици, како листови за сарма и сецкана кисела зелка. Мешаната домашна туршија ја пласираме во тегли и во џамбо пакувања.
КВАЛИТЕТ
Преработката на зеленчукот се изведува по традиционална метода, со биоферментација, што им дава посебен вкус на нашите производи, кои покрај одличниот квалитет, спаѓаат и во групата „здрава храна“.
Контакт информации
Адреса
Улица: 1327 Ново Село, Куманово
Град: Куманово
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт
Г-дин Ивица Арсиќ