ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








Што им е најважно на жените кога го реуредуваат својот простор?

Што им е најважно на жените кога го реуредуваат својот простор?

Секоја жена има свој специфичен вкус и изграден животен стил, па затоа жените секогаш точно знаат што сакаат, какви промени им се потребни и кога да ги реализираат. Жените знаат да бидат многу детални и конкретни и кога го реуредуваат својот простор, потребно им е да имаат доволно време за да направат целосно истражување на пазарот, од достапни бои и материјали, до цени и квалитет.   

Доколку на било која жена и го поставите прашањето : - „Како сакаш да изгледа твојот дом“, тогаш земете празен лист и запишувајте. Веројатно ќе напишете роман, бидејќи кога жена треба да го освежи својот дом, таа има јасна визија до која цврсто ќе се придржува и за  најситниот детал.

Иако е прилично индивидуално, најголемиот дел од жените сонуваат за дом кој ќе биде подеднакво елегантен и практичен. Токму затоа, најчесто водечка инспирација им е минималистичкиот стил на уредување, со цел да добијат што поголем и порастеретен простор кој ќе биде лесен за секојдневно одржување.

Откако ќе се одлучат за бојата што ќе преовладува во просторијата, жените веднаш потоа размислуваат за мебелот, кој треба да се вклопи во стилот на уредување, според точните димензии.

Во последниве неколку години, повеќенаменскиот мебел е прв избор за многу домаќинства, за да го искористат максимумот од нивниот простор, затоа што место повеќе за складирање, секогаш е добредојдено. Жените преферираат минимализам, затоа што секојдневното одржување е многу полесно и поедноставно, со што ќе заштедат на време кое ќе го посветат на работите што вистински им значат.

Исто така, со мултифункционалниот мебел добиваат визуелно поголем простор и нема да имаат потреба од дополнителни полици, фиоки, шкафови кои прават загушлива атмосфера во домот. Ќе имаат поголема слобода во декорирањето и ќе може да се посветат на ситни детали преку кои ќе го изразат сопствениот стил.

Но, покрај сите етапи низ кои жените поминуваат додека реновираат, најважен им е моменталниот избор на пазарот. Познато е дека жените уживаат во долгочасовен шопинг и дека тоа е нивниот „рај“ за очи, но често се случува да лутаат од едно до друго место,  трагајќи по идеалното парче мебел и на крај да се разочараат од понудата. Секоја дама посакува широка палета на производи, кои ќе може да ги разгледа, да слушне нешто повеќе за брендот и производителот и секако, да добие корисен совет од професионалец.Токму таков „рај“ им следува на сите жени кои се во процес на реновирање, или кои едноставно обожуваат квалитетен шопинг, затоа што во моментов се финализираат последните подготовки за Саем на мебел 2024 година, кој ќе се одржи во комплексот „Борис Трајковски“ и тоа од 20 до 24 март.

Цели пет дена, дамите ќе имаат можност да разгледуваат парчиња мебел со врвен квалитет, ќе може да прашаат сѐ што ги интересира и на едно место ќе доживеат неверојатно шопинг искуство.

Саем на мебел 2024 има единствено мото, а тоа е „Освежи го својот дом“ и затоа ќе понуди  огромен избор на модерен, практичен, повеќенаменски и квалитетен мебел по исклучителни цени, а дамите не треба воопшто да се грижат ни за финансиите. Комерцијална Банка со својата специјална понуда, ќе им овозможи брзо и лесно да го купат своето омилено парче мебел.

Затоа, посети го овогодинешното издание на Саем на мебел, заштеди пари и инвестирај во неколку повеќенаменски, безвременски парчиња мебел и своите уникатни идеи за уредување претвори ги во совршена реалност. 

 

Автор: Скопски Саем