Подетално за компанијата
Охридската компанија СКЕНДЕР ПРОМ, формирана од Скендер Селим во 1998 година е успешна и препознатлива бизнис приказна која одамна ги има надминато локалните рамки. Стакларата СКЕНДЕР ПРОМ, која долги години работеше во погонот на ул. Железничка, сега влегува во нова фаза од развојот, со нов модерен погон во кој оперира современа, супер прецизна ЦНЦ машина која може да ги изведе сите можни видови агли на стакло. Новиот погон на СКЕНДЕР ПРОМ е лоциран на патот за Велгошти.
Ја прошируваме работата со нова машинерија и нова технологија со ЦНЦ линија и машина за перење, сушење и пресување на стакло и со цела линија за производство на термопан стакла. Новата технологија ни дава можност да ги произведуваме сите видови стакло, со дебелина од 4 мм до 20 мм, единечно стакло, термопан стакло за прозорци и балконски врати, памфлекс стакла, огледала, стакла за маса, фиксни паравани…
СКЕНДЕР ПРОМ освен во Охрид и регионот, работи низ цела држава и во странство. Потписот на СКЕНДЕР ПРОМ стои зад градежните џинови, како „Џеваир“ во Скопје, каде се монтира стакларијата на четвртиот небодер.
Во моментов најмногу на пазарот се бара четирисезонското повеќекоморно термопан стакло погодно за сите времекси услови, кое заштедува енергија и е одличен звучен изолатор.
Овој вид стакло дава 98% топлинска и звучна изолација.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Живко Чинго бб, 6000 Охрид
Град: Охрид
Држава: Македонија