Filters
Пребарување
СОЛАР МАРКЕТ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата СОЛАР МАРКЕТ се занимава со увоз, продажба и монтажа на:

- Сончеви колектори за топла вода и системи за греење, од отворен и затворен вид
- Фотоволтаични панели и друга опрема за изведба на системи за добивање соларна електрична енергија

Подетално за компанијата

СОЛАР МАРКЕТ

Компанијата СОЛАР МАРКЕТ се занимава со увоз, продажба и монтажа на сончеви колектори за топла вода и фотоволтаични панели, како и друга опрема за изведба на системи за добивање соларна електрична енергија. Нашата визија е на клиентите да им овозможиме што поголема заштеда на електрична енергија со максимално и ефективно искористување на сончевите денови, обезбедувајќи им значајни заштеди на парични средства, но вклучување во трендот за заштита на животната средина.

solar-market-clubeconomy
solar-market-clubeconomy

ефективни решенија

Во СОЛАР МАРКЕТ покрај тоа што можете да ја купите целата опрема за изведба на соларен систем за топла вода, нашиот стручен тим ќе ви ги понуди и најефективните решенија за вашиот објект, со најдобар сооднос меѓу вистинските потреби, квалитетот и цената. Во нашата понуда се опфатени отворените соларните системи, односно системите без притисок, кои користат пумпа за циркулирање на флуидот за загревање, како и затворените соларни системи, односно системи под притисок, за чие функционирање не е потребна електрична пумпа.

„клуч на рака“

Проектирањето, набавката на целата потребна опрема и изградбата на соларните колектори го нудиме по принципот „клуч на рака“, а покрај понудата на соларни системи за топла санитарна вода, нудиме и можност тие да бидат искористени и како поддршка на системот за греење.

solar-market-clubeconomy
solar-market-clubeconomy

фотоволтаични панели

Како дел од визијата за поголемо користење на обновливите извори на енергија, во СОЛАР МАРКЕТ почнавме и со увоз, продажба и монтажа на фотоволтаични панели и на целата опрема потребна за добивање електрична енергија од соларен систем. Системите што ги нудиме на пазарот наоѓаат примена во приватни куќи, викендички, други помали објекти, фарми, надворешно осветлување, системи за наводнување, помали соларни електрани...

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Борка Талески бр. 52, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа