Filters
Пребарување
СИМПЕРИС ДООЕЛ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата СИМПЕРИС се занимава со производство на ХАРТИЕНА АМБАЛАЖА

- Хартиени кеси за леб, бели печива, сендвичи
- Хартија во формат, хартија за пакување бурек
- Хартија со ПВЦ фолија за месо, сувомесни производи
- Кеси со рачка

Подетално за компанијата

Со повеќе од 20 години искуство, Симперис ДООЕЛ е една од водечките модерни компании во производство и продажба на хартиена амбалажа во нашата земја.

Главниот деловен опсег на Симперис ги опфаќа хартиените кеси без рачка и со шпиц-дно коишто се со широка примена, хартиените кеси со сукана рачка, хартиените кеси со рамна рачка, сендвич кеси, различни видови на хартија за пакување итн.

Kомпанијата поседува современа опрема за производство, вклучително и нови компјутерски контролирани машини за дигитално печатење.

Покрај пласирањето на домашниот пазар и соработката со бројни домашни компании и брендови, нивните производи се извезуваат и во неколку странски земји, како што се Швајцарија и Грција, градејќи долгорочни партнерства со своите клиенти.

simperis-clubeconomy
simperis-clubeconomy

Хартиените кеси без рачка и со шпиц-дно имаат широка примена – од пакување леб и пецива, помфрит, апетисани, пуканки и кафе, до аптекарски производи и прибор за еднократна употреба. Достапни се во најразлични димензии и се изработуваат од бел и кафеав KRAFT, LWC и весникарска хартија, кои обезбедуваат издржливост и еколошка безбедност.

Постојат можности за печатење на лого во до 3 бои (минимална нарачка 250 кг), со флексо-графичко печатење и еколошки бои.

Хартиените кеси со рамна и со сукана рачка имаат широка примена – од продавници, бутици и супермаркети, до ресторани (delivery/takeaway), сендвичари, пекари, промоции и подароци.

- Кесите со рамна рачка се изработуваат исклучиво од KRAFT хартија (бела или кафеава). Цврсти, издржливи и еколошки, достапни во различни димензии. Можност за печатење на лого во full color (минимум 250 кеси) со дигитален печат, или со флексо-графика до 3 бои при големи нарачки (над 50.000).

- Кесите со сукана рачка се изработени од KRAFT хартија (бела/кафеава) . Еколошки и издржливи, достапни во најразлични димензии. Постои можност за печатење на лого во full color (минимум 250 кеси) со дигитален печат и еколошки бои.

simperis-clubeconomy
simperis-clubeconomy

- Сендвич кесите се наменети за сендвичи и бели пецива во сендвичари, пекари, ресторани и пицерии. Се изработуваат од KRAFT, LWC или водоотпорна хартија со премаз, достапни во повеќе стандардни димензии. Можност за печатење на лого до 3 бои (минимална нарачка 250 кг) со флексо-графика и еколошки бои. Квалитетни, практични и еколошки безбедни.

- Повеќенаменска хартија за пакување има примена во цвеќарството (букети), пекарството (сендвичи и пецива), угостителството (кафетерии, ресторани, слаткарници) и модната индустрија (облека, чевли). Достапна е како KRAFT или весникарска хартија, со можност за печатење на лого до 2 бои (минимална нарачка 250 кг) преку флексо-графика со еколошки бои.

- Месарска хартија со РЕ-облога е специјализирана хартија за пакување месо и сувомеснати производи, со еднострана РЕ-облога, наменета за месарници и супермаркети. Изработена од KRAFT или LWC хартија со РЕ-облога, со можност за печатење на лого до 2 бои (минимална нарачка 250 кг). Печатењето е флексо-графичко со квалитетни и еколошки бои.

* Сите материјали што ги употребуваме за изработката на овие производи (хартија, фолија, лепила, боја), како и финалниот производ се одобрени од Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија и ги исполнуваат условите за безбедност и контакт со храна.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Благој Мучето бр. 15, (книжарница Култура), 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Ѓорѓи, Томе


Мапа