Filters
Пребарување
СЕРВИС МИЛОШЕСКИ ДООЕЛ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

СЕРВИС МИЛОШЕСКИ е модерен, копмлетно опремен авто сервис со современа лимарско-лакерска опрема и развиен капацитет да понуди и испорача квалитетна поправка за најразлични видови каросериски оштетување, независно од брендот на автомобилот.

- Каросериски услуги
- Подготовка и авто пластика
- Бојадисување
- Полирање и керамичка заштита
- Редовен сервис

СЕРВИС МИЛОШЕСКИ ДООЕЛ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

 
Вашата грижа претставува наш предизвик

СЕРВИС МИЛОШЕСКИ

 

Дозволете ни да се погрижиме за сите оштетувања на вашиот автомобил. Истите ќе ги отстраниме експедитивно, применувајќи современ специјализиран алат, како и врвни и докажани материјали од автомобилската индустрија. Нашиот професионален пристап гарантира запазување на највисоките критериуми за квалитет и сето тоа со конкурентни цени.

Дел од услугите кои сме во можност да ги испорачаме се од доменот на каросериско извлекување, подготовка и лимаро-лакерство, репарација на автомобилска пластика, сеопфатно надворешно машинско полирање, нанесување на керамичка заштита базирана на нано-технологија, како и обавување на редовен сервис на вашиот автомобил.

servis-milosheski-clubeconomy
НАШАТА ПРИКАЗНА

СЕРВИС МИЛОШЕСКИ како правен субјекти постои од 2016 година, но взаемното професионално искуство на нашите посветени кадри надминува половина век. Имајќи го ова во предвид, ние сме во можност да ви понудиме сеопфатно решение за било какво оштетување на вашиот автомобил.

servis-milosheski-clubeconomy
КАРОСЕРИСКИ УСЛУГИ

Располагаме со услови, алати и опрема за каросериско извлекување, калемење и поправка на најразлични видови на структурно оштетување и изместување на шасијата на голем број возила.

servis-milosheski-clubeconomy
ПРИПРЕМА И АВТО ПЛАСТИКА

Во процесот на подготовка на металните и пластичните површини, како и при нивното заварување и лепење, применуваме напредни техники, правилни процедури и докажани брендови на прајмери, лепаци, китови и филлери кои гарантираат безпрекорна и долготрајна изработка.

servis-milosheski-clubeconomy
БОЈАДИСУВАЊЕ

Професионалната комора, во комбинација со запазувањето на правилните процедури, користењето на глобално реномиран бренд на бои и лакови, како и долгогодишното искуство е доволен гарант за блескавиот сјај кој трае.

servis-milosheski-clubeconomy
ПОЛИРАЊЕ И КЕРАМИЧКА ЗАШТИТА

Применувајќи врвно докажана програма на професионални материјали од швајцарскиот брендот Riwax®, процесот на полирање се одвива детално и повеќестепенски, користејќи професионални машински ротациони и орбитални полирки, а се со цел да се доведе површината на возилото во што е можно побеспрекорна состојба.
Подготовката за нанесување на керамичка заштита подразбира детално професионално повеќестепенско машинско полирање со цел да се доведе површината на возилото во што е можно побеспрекорна состојба, така што таквата состојба би се запазила и зачувала подолг временски период по нанесувањето на керамичката заштита.

servis-milosheski-clubeconomy
РЕДОВЕН СЕРВИС

Одлично соработуваме со сите позначајни импортери на автомобилски делови, автомобилско масло и секакови видови филтри. Се што е потребно е телефонски да ни дадете информации за моделот на вашето возило, а врз основ на тоа ќе добиете понуда за обавување на редовен сервис и по ваша желба ќе закажеме термин.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Александар Урдаревски бр. 169, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)71/383 618

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа