
Подетално за компанијата
СЕМАКС КОНЧАР е семејна компанија која е основана 1993 година во Скопје и се занимава со дизел агрегати. Главен фокус во работењето на СЕМАКС КОНЧАР ни е одржување, сервисирање и поправка, изнајмување и продажба на дизел агрегати, а произведуваме мали агрегати до 10 kw.
Долгогодишната соработка со домашни и странски партнери ја верификува нашата професионалност и експертиза. Одржуваме агрегати во болници, банки, хотели, амбасади и други видови на институции и приватни куќи. Вршиме поправка и сервисирање и на агрегати на градежни фирми, рудници и слично.


Опремени сме со повеќе од 50 агрегати за изнајмување, со моќност од 5 kVA до 1200 kVA, како и со камиони со дигалка за сопствен транспорт и агрегати на приколки.
Работиме со фабриките Energy од Италија, Matisa MM од Словенија, Fogo од Полска, FMT од Албанија, Aksa од Турција. Познавањето на широката палета на производи што ја нудат фабриките и искуството во работењето ни овозможува да направиме соодветен избор за потребите на нашите клиенти.
Сервисот е опремен со резервни делови за поправка на агрегати. Наша специјалност се агрегати Torpedo за кои покрај резервни делови имаме и експерти за поправка.


Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Гаврил Константиновиќ бр. 27 б, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт
Ана Змејковска
Мапа
Документи

