Подетално за компанијата
Компанијата СЕЛИМ-ИНГ се занимава со проектирање и изведба на проекти од сите видови браварски работи, изведба на проекти од ковано железо, метални конструкции... Нашиот тим на професионалци прво ќе го дизајнира и ќе ви го претстави проектот што го сакате во реален изглед во AutoCad, а потоа следува беспрекорна изработка и монтажа, со што вашите желби стануваат реалност.


Специјалност на СЕЛИМ-ИНГ е изработка на сите видови метални скали, гелендери, огради на тераси, надстрешници со стакло, решетки за клима уреди... Во зависност од желбите на клиентите ги изработуваме од ковано или обично железо, од перфорирани железни плочи, во комбинација со стакло и со дрво, во бои одговараат на ентериерот и екстериерот и им даваат модерен екстравагантен изглед.
СЕЛИМ-ИНГ се занимава и со проектирање, изработка и монтажа на сите видови дворни врати и огради, исто така од сите видови ковано или обично железо или од перфорирани железни плочи. Наша специјалност се и гаражните врати со панели, ги изработуваме во сите варијанти на отворање, потоа изработка и монтажа на метални конструкции и изведување на покриви со панели.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. 2, село Кондово, 1064 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија