Filters
Пребарување
СКРИН ПРИНТ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

СКРИН ПРИНТ во досегашното 30 годишно искуство се наметна како лидер во својата дејност. Стручниот тим со кој што располагаме ќе се погрижи да секоја компанија добие професионален третман, од производ, дизајн, печатење и испорака на материјалите.

- Производствен простор од 1200м2 со најсовремени машини за печатење
- Изложбен простор од 120м2
- Сопствен магацински простор
- Сопствени возила за дистрибуција

ЕДНА КОМПАНИЈА НЕОГРАНИЧЕНИ МОЖНОСТИ!

Подетално за компанијата

СКРИНТ ПРИНТ е приватна компанија основана 1996 година од фамилијата Цветкови. Успешно опстојува и се развива низ сите досегашно објективно лоши опшествени и економски услови.

Оваа интенција тимот на СКРИН ПРИНТ ја остварува со постојан развој во сите области од нашата дејност со најнови графички достигнувања, проширување на производството, обезбедување широк опсег хемиски производи за потебата на нашите клиенти, пред се, од палетата на KIWO.

screen-print-clubeconomy

Дигитално печатење

Затегање
на сита

Офсет
печатење

Сито
печат

screen-print-clubeconomy

DTF Печатење

Во нашиот производствен погон имаме две најсовремена машина за ДИГИТАЛНО ПЕЧАТЕЊЕ во ролна, со капацитет од 300 м. фолија на ден. Боите се отпорни на перење и се со висок степен на покривност и флексибилност. Сите материјали што ги користиме за машината се од наш сопствен увоз.

Машина за производство на ЕКОЛОШКИ ТОРБИ

Како подружница на СКРИН ПРИНТ е и Погонот за производство на ЕКОЛОШКИ ТОРБИ, СКРИН БЕГС. Машината е комплетно автоматска, изработува 8 различни видови еколошки ТОРБИ, со опција за бушени или за надворешни рачки. Ние сме единствената компанија во Македонија која има ваква машина. Можеме да произведеме до 150 торби во 1 минута. Станува збор за големи количини кои што ги пласираме во соседните земји, како и во бившите југословенски републики. Материјалот сами си го увезуваме, во различни грамажи и повеке од 10 бои.

screen-print-clubeconomy
screen-print-clubeconomy

Машина за дирекно сито печатење КАРОСЕЛ

Како наша прва и главна дејност сито печатењето сме опремени со најсовремени машини за производство на матрици, развивање и печатење со сито техника. За таа цел имаме повеќе машини како за право така и за кружно печатење.Нашиот погон за сито печатење е опремен со сите неопходни машини за да можеме квалитетно да одговариме на барањата на нашите клиенти

Графички нож ПОЛАР

За да го колмплетираме цело производство , во склоп на нашата печатница имаме Графички нож од марката ПОЛАР, кој што го користиме исклучиво за наши потреби.

screen-print-clubeconomy

Повеќе од 20 години сме претставници во Македонија на германската фирма KIWO, која се занимава со произвоство и продажба на најсовремени адезиви и материјали за сито печатење. KIWO постои во цел свет и е со 125 годишна традиција во сито печатењето. Освен стандардните материјали и емулзии за сито печатење произведува и специални производи за автомобилската индустрија, керамичката индустрија... Нејзините производи се со најдобар квлитет и познати во цел свет.

Во нашата понуда имаме и квалитетни бои кои се издржливи на високи температути, на перење и се со одлична еластичност, со што бојата после перењето е иста како и пред перењето. Боите ги мешаме по ПАНТОНЕ скала, така да и на нашите клиенти им нудиме бесплатен софтвер за мешање на боите, како олеснителна околност да не мора да купуваат по голема количина, туку да смешаат колку што имаат потреба. Освен бои увезуваме и трансвер хартија за правње на пресликачи, машини за пресликување, како и комплет материјали за квалитетно печатење. На нашите клиенти им нудиме бесплатни совети и консултации во врска со сите наши материјали, како и за нивна употреба.

screen-print-clubeconomy
screen-print-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. Борис Трајковски бб, крак 7, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа