Filters
Пребарување
ШАРТЕКС-М дооел
Тел: +389 (0)2/3066 102 - Во Карпош, Скопје
Е-пошта: [email protected]
Club economy

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ШАРТЕКС-М се занимава со продажба на големо и мало на:

- Синтелони
- Теписони
- Теписи
- Линолеум
- Вештачка трева
- Објектна програма

ШАРТЕКС-М дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Традиција, квалитет и доверба од 1989 година

ШАРТЕКС-М ДООЕЛ е семејна компанија со повеќе од три децении традиција во трговија со подни облоги и текстилни производи за домаќинство. Основана во 1989 година од Љубе Алексовски, компанијата започна како самостојна трговска продавница во Тетово, со главна дејност – продажба на текстил за домаќинство.

Шартекс М е компанија со повеќе од 30 години искуство во трговија со подни облоги, теписи, теписони, паркет и ламинат, која се развиваше паралелно со потребите на македонскиот пазар и со вкусот на нашите клиенти.

sharteks-m-clubeconomy

Нашата приказна започна во 1993 година со отворањето на втората продавница во центарот на Тетово, фокусирана на продажба на кабаст текстил. Веќе во 1994 година, поради зголемената побарувачка, го проширивме нашето работење и со продажба на големо, со сопствен магацински простор во Тетово.

Со цел да бидеме поблиску до купувачите и во главниот град, во 1998 година ја отворивме првата продавница во Скопје, лоцирана на улицата „Џон Кенеди“ во општина Чаир. Четири години подоцна, во 2002год, изградивме современ магацин од 1.200 м2 во индустриската зона на Кисела Вода – Скопје, од каде што продолживме со продажба на големо на територијата на цела Македонија.

sharteks-m-clubeconomy
sharteks-m-clubeconomy

Во 2004 година се проширивме со нова продавница во населбата Карпош 4, во близина на старата Радио Телевизија, со површина од 360 м2, каде што започнавме со продажба на широк асортиман на подни облоги. Таа е една од водечките во државата, со богата понуда на теписи, теписони и ламинати, кои ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет и дизајн.

Нашата мисија е да понудиме комфор, стил и квалитет во секој дом или деловен простор. Веруваме дека внимателно одбраните подни облоги можат да го променат секое опкружување – и токму затоа внимателно ја бираме секоја колекција во нашиот асортиман.

sharteks-m-clubeconomy
sharteks-m-clubeconomy

ПАРТНЕРИ

Низ годините, ШАРТЕКС-М градел доверливи партнерства со докажани производители на подни облоги.

Во периодот 1993–1999, бевме официјален застапник на компаниите PROLETER – Зрењанин и ITI – Ивањица. Од 1999 година, станавме застапник на повеќе белгиски фабрики, специјализирани за производство на теписи, теписони, патеки, индустриски и линолеум подови.

Денес, сме ексклузивен увозник и застапник на производите на компанијата Sintelon од Србија, дел од светски познатиот бренд Tarkett, лидер во подни решенија. Преку оваа соработка, на клиентите им нудиме врвен избор на теписи, теписони и ламинати изработени според највисоки европски стандарди.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Продажен салон Карпош 4
Ул. Никола Парапунов бр. 27а (стара телевизија) - Скопје
Магацин во Кисела Вода
Ул. Првомајска бб (на патот за Драчеево), Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/3066 102 - Во Карпош, Скопје

+389 (0)2/2795 572 - Во Кисела Вода, Скопје 

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа