Filters
Пребарување
ШАМА ШПЕД дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

TRANSPORT AND LOGISTICS SOLUTIONS

Компанијата ШАМА ШПЕД е специјализирана за организирање на транспортни и логистички решенија. Организираме меѓународен превоз на стока во:

- Патен транспорт
- Авионски транспорт
- Бродски транспорт
- Мултимодален транспорт

Брза и економична достава на стоките.

ШАМА ШПЕД дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

РЕШЕНИЈА ЗА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА

Компанијата ШАМА ШПЕД дооел од Прилеп е специјализирана за организирање на транспортни и логистички решенија. Организираме меѓународен превоз на стоки по воден, воздушен и друмски пат, овозможувајќи брза и економична доставата до местото кое ќе го побарате.

ШАМА ШПЕД дооел е семејна фирма со богато искуство во областа на транспортот и логистиката. Како семеен бизнис нашиот заштитен знак е здрав раст и долгорочен успех, а нашата цел е секогаш да имаме задоволни клиенти. Одржливите инвестиции, блиските односи со клиентите и брзиот процес на одлучување се столбови на нашата корпоративна стратегија.

Логистиката не претставува само товарање на стоката во возилото и нивна достава до крајната дестинација, туку подразбира планирање и менаџирање на целиот транспортен процес, со цел да се задоволат барањата на клиентите и транспортот да се изврши со најсоодветни средствата, по најкратка можна релација, за најкус временски рок и со најниска цена.

shama-shped-clubeconomy

ПАТЕН ТРАНСПОРТ

Организирање комплетни утовари – ангажирање на цел шлепер. Услугата е достапна за обичен вид стоки и за опасна АДР стоки.

Организирање збирен транспорт.

Организирање превоз со возила ладилници.

Организирање транспорт на добра со специфична големина или тежина.

Организирање транспорт на стока со комбе-возило или со соло-возило.

Организирање внатрешен транспорт во Република Македонија

shama-shped-clubeconomy
shama-shped-clubeconomy

АВИОНСКИ ТРАНСПОРТ

Доколку работите со прецизни рокови на испораката или доколку сакате да испратите стоки со многу голема вредност, авионскиот транспорт е најсоодветниот избор. Без оглед на тоа до каде треба да се испратат вашите стоки, таа ќе стигне на одредената дестинација брзо и безбедно. Со нашите високи стандарди на работа создаваме решенија коишто прецизно ќе му соодветстуваат на вашиот канал на дистрибуција.

БРОДСКИ ТРАНСПОРТ

Организирање комплетни утовари – ангажирање на цел шлепер. Услугата е достапна за обичен вид стоки и за опасна АДР стоки.

На бродскиот транспорт му припаѓаат околу 80% од вкупниот светски транспорт. Тој е најекономичните начини на транспортирање, особено помеѓу далечни земји и превоз на многу големи и многу тешки товари. Употребата на контејнери за превоз на добрата овозможува превентивна заштита при лоши временски услови или оштетување од кој било вид. Ние ви нудиме:

- организирање превоз со цел контејнер само со вашите стоки

- организирање збирен транспорт (збирен контејнер).

shama-shped-clubeconomy
shama-shped-clubeconomy

МУЛТИМОДАЛЕН ТРАНСПОРТ

Компанијата ШАМА ШПЕД дооел организира и мултимодален вид транспорт. Стоките се товараат директно во контејнер или се претовараат од камион во контејнер и во овој случај се транспортираат по друмски и по морски пат. Овој транспорт, исто така, е познат и како комбиниран транспорт.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Пенка Котеска бр. 95, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа