Filters
Пребарување
ОРБИТА ТРАНС доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ОРБИТА ТРАНС е специјализирано претпријатие за превоз на сите видови вонгабаритни стоки.
- Превоз на: трансформатори, градежни машини, контејнери и се што ги надминува габаритните димензии
- Автодигалки под наем

ОРБИТА ТРАНС доо

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ОРБИТА ТРАНС

ОРБИТА ТРАНС доо е семејна компанија веќе три генерации. По принципот know – how, знаењето и умешноста доследно се пренесуваат од татко на син, што е формула за нашиот успех. Имено, секоја генерација остава свој печат и придонес во квалитетот и развојот на нашата компанија.

Визионер и првиот основач на концептот на компанијата е Крсто Кралевски, човек со визија и претприемачки дух, кој ја создаде идејата и имиџот на ОРБИТА ТРАНС. Во 1974 година тој направи храбра одлука како трговец поединец, еден од првите во тоа време, со само еден камион да почне свој приватен бизнис.

orbita-trans-clubeconomy

ПРОЦЕС НА РАБОТА

Компанијата беше пререгистрирана во 1992 година, кога беше наследена од неговиот син Душан Кралевски. Под негово водство, до крајот на 90-тите, капиталот на компанијата се зголеми за 300 проценти. Оваа посветеност за раст, ефикасност, ефективност и квалитетот на работата со исто темпо продолжи во 2000 година. Во 2008 година се приклучи претставник на третата генерација. Внукот и син Марко Краљевски донесе свежи идеи за понатамошен развој. Тој воведе технологија за подобрување на процесот на работа, особено во областа на компјутеризиацијата и диверзификацијата.

Трговското друштво ОРБИТА ТРАНС е специјализирана за вршење на транспорт на вонгабаритни стоки, користејќи модерна “state-of-the-art” опрема и технологија.

orbita-trans-clubeconomy

ДЕЈНОСТ

- Основната дејност на ОРБИТА ТРАНС претставува вонредниот транспорт. Станува збор за превоз на вонгабаритни стоки кои ги надминуваат стандардните прописи и дозволени димензии. Во нашата флота е содржана и нисконосечка полу-приколка со 5 осовини и максимална носивост од 72 тони.

- Исто така ОРБИТА ТРАНС врши изнајмување, односно користење на авто-дигалки (мобилни кранови) со носивност до 50 тони и вилушкари со носивост до 10 тони при утовар, истовар и монтажа. Како резултат на потребата од специјализација и целосна посвета кон оваа активност од рамките на матичното трговско друштво беше развиено друштвото ОРБИТА ТРАНС 2000

orbita-trans-clubeconomy

КВАЛИТЕТ

Последниве години активност на компанијата се насочуваат во нови, но сродни дејности како:

  • • Превоз на стока со церади

  • • Логистика на пренос на тешки машини со хидраулична опрема

  • • Сервис на камиони, приколки, градежни машини

  • • Меѓународен транспорт на контејнери

  • • Логистика при вонреден превоз (обезбедување на следење и дозволи за вонреден превоз)

Гарантираме:

  • • Безбедност на стоките што ги превезуваме

  • • Професионалност и интегритет во работата

  • • Посветеност

Она што е најважно ние сме посветени на задоволството на нашите корисници. Наш приоритет е да се обезбеди квалитет на услугите кои ќе ги задоволат специфичните потреби на секој клиент. Со гордост можеме да се пофалиме дека во сите повеќе од 40 години работа, не сме имале незадоволен клиент

Успехот на ОРБИТА ТРАНС е во вредностите кои ги гради веќе четири децении со својот менаџерски тим и своите вработени.

orbita-trans-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 710, бр 1, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт