-
• Vitkovice, Чешка - рударска и енергетска опрема;
-
• Prodeco, Чешка - рударска опрема- ескаватори
-
• Unex, Чешка - рударска опрема- ескаватори
-
• Enelex, Чешка - мониторинг системи во рудаство
-
• Transys, Чешка - транспортни системи
-
• FAM, Германија - рударска опрема- ескаватори
-
• JCT Anylusentechnick, Австрија - мониторинг системи за емисија на штетни гасови, прашина
Подетално за компанијата
МЗТ ИНЖЕНЕРИНГ
МЗТ ИНЖЕНЕРИНГ - Битола е основана во 1984 година, а во 1998-та започнува со сопствено производство, пред сé, на метални отпресоци и метални елементи и склопови, по пат на длабоко извлекување и метал штанцање.
Нашите производи наоѓаат примена во повеќе индустриски гранки и тоа:
-
• Автомобилска индустрија
-
• земјоделска механизација
-
• енергетиката
-
• транспортните системи и опрема
-
• градежна опрема
ВИЗИЈА
Нашата визија е МЗТ ИНЖЕНЕРИНГ Битола да прерасне во балкански лидер во областа на длабоко извлекување и метал штанцање, постигнувајќи врвен квалитет на производите, навремена испорака и комплетно задоволство на купувачите. МЗТ ИНЖЕНЕРИНГ - Битола е основана во 1984 година, а во 1998-та започнува со сопствено производство, пред сé, на метални отпресоци и метални елементи и склопови, по пат на длабоко извлекување и метал штанцање.
За обавување на оваа дејност, МЗТ ИНЖЕНЕРИНГ располага со сопствен производен погон, ОТПРЕСОЦИ, лоциран во Струмица, каде што на простор од 2000м² функционира цела палета на ексцентар и хидраулични преси од 40 до 500 тони, со кои се обавуваат постапки од областа на длабоко извлекување и метал штанцање, пробивање и втиснување, како и со целокупна потребна опрема за монтажа на разни склопови, заварување и пунктирање, ЦНЦ сечење со плазма и линија за површинска заштита. Во склоп на фирмата функционира и проектантско биро во кое се конструираат алатите за длабоко извлекување и метал штанцање. Сите постапки се изведуваат во согласност со стандардите ISO 9001:2008. МЗТ ИНЖЕНЕРИНГ поседува и сертификат за животна средина ISO 14001:2004. Овој произвотствен погон, како докажан добавувач на опрема во автомобилската индустрија, енергетиката, транспортна опрема и системи, градежна опрема итн. стручњаците го вбројуваат меѓу водечките капацитети од областа на длабоко извлекување и метал штанцање во Република Македонија и на Балканот.
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕРИНГ
МЗТ Инженеринг - Битола, е оспособена за изведување на градежен инженеринг што опфаќа комплетна изработка на сите елаборати за истражување, проектирање и изведување во сите фази. Посебна област во градежниот инженеринг, каде што фирмата е специјализирана, за изработка на челични конструкции на индустриски и термоенергетски објекти во сите фази, по системот “клуч на рака”. За остварување на овие активности фирмата располага со стручни и изведувачки тимови од сите области на делување.
ОПРЕМА – ТРГОВИЈА
МЗТ ИНЖЕНЕРИНГ е застапник и преставник на повеќе фирми кои се главни светски производители на рударска опрема, термоенергетска опрема, мониторинг системи во производните процеси и тоа:
-
• Superlit, Турција - ГРП (Тесал) цевки
-
• CERB, Бугарија - ремонт на електромотори и трансформатори
-
• Energoremont, Бугарија - ремонт на термоенергетски системи
-
• Uralhimash, Русија - опрема за термоенергетика
-
• Cehovski zavod, Русија - вентили, арматура
-
• ELYN, Грција - темоенергетска опрема
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Климент Охридски бб,
Пелагонка 2, ламела 2/6, 7000 Битола
Град: Битола
Држава: Македонија
Телефони
+389 (0)47/239 732 - Дирекција Битола
+389 (0)47/242 998 Ролформинг - Подружница Битола
+389 (0)34/343 513 Отпресоци - Струмица