Filters
Пребарување
МН-АС ЦОНСТРУЦТИОН

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МН-АС ЦОНСТРУЦТИОН се занимава со

- Проектирање
- Изградба на објекти од високо и ниско градба
- Продажба на станови и деловни простории
- Производство на Теrastone (терацо) плочки

На потрошувачите им нуди целосен пост-продажен сервис (транспорт, подготовка за монтажа и монтажа)

МН-АС ЦОНСТРУЦТИОН

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

 
производство, изградба, проектирање

МН-АС ЦОНСТРУЦТИОН

 

Компанијата МН-АС ЦОНСТРУЦТИОН се занимава со производство на терацо плочки, изградба, проектирање, купопродажба на станови и деловни простори... Потеклото на компанијата датира од 1964 година, со изведување на работи во градежништвото и со изработка на фасади во Струга и Ресен. Основана е од г-дин Неби Хоџа, како самовработен, со големи амбиции и висок ентузијазам, занаетчија, работник со идеи за големи проекти. На почетокот почнува да работи сам, но фирмата бележи постојан развој и во 1997 година, кога г-дин Хоџа заминува во пензија, таа има 50 вработени.

Оттогаш традицијата ја продолжува неговиот син г-дин Мухамед Хоџа. МН-АС ЦОНСТРУЦТИОН првично се занимаваше со изградба на разни видови на објекти, од станбени куќи, згради, јавни, деловни и индустриски објекти и е еден од водечките субјекти во градежната индустрија во Струга и пошироко. МН-АС ЦОНСТРУЦТИОН денес веќе има проектирано и изградено повеќе модерни станбени згради и други објекти на најатрактивни локации во Струга.

Во 2012 година МН-АС ЦОНСТРУЦТИОН започна со производство на Terastone, плочките, кои претставуваат последна генерација на „терацо“ плочки, за што е отворена мини фабрика, која се наоѓа во индустриската зона во село Мороишта, во близина на Струга.

Денеска МН-АС ЦОНСТРУЦТИОН е организирана во пет сегменти, со план нивниот број и понатаму да се зголемува: Продажба на станови и деловни простории, Проектирање, Изградба, Производство на Теrastone плочки.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Радолишта 6333, Струга
Град: Струга
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Мустафа Хоџа +389 (0)75/448 892


Мапа