Filters
Пребарување
МИТ ГРУП КОМПАНИ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

 

МИТ ГРУП КОМПАНИ се занимава со рециклирање на отпадна хартија и картон и добивање на нов производ

- Производство на подлошки и друга амбалажа за јајца
- Производство на амбалажа за други производи за кои може да се употреби рециклирана хартија

МИТ ГРУП КОМПАНИ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

МИТ ГРУП КОМПАНИ е единствената компанија во Македонија која се занимава со рециклирање на картон и хартија и добивање готов производ од рециклирана хартија. Нашата услуга за рециклирањето хартија е така дизајнирана за да ја подобри стапката на рециклирање во државата, да ја намали сложеноста на процесот на собирање на секундарните суровини и да го пренасочи отпадот од депониите. Навремената и сигурна услуга на МИТ ГРУП КОМПАНИ при собирањето е конкурентна и овозможува едно место за контакт за превземање на вашиот отпад, со што ви даваме повеќе слободен простор за да го водите својот бизнис.

mit-group-company-clubeconomy
mit-group-company-clubeconomy

Компанијата МИТ ГРУП КОМПАНИ е основана во 2015 година. Имаме посебен дел кој се грижи за собирање на старата хартија и посебен дел за нејзино рециклирање и за производство на нов производ. Сегашниот капацитет за рециклирање е пет тони отпадна хартија дневно или околу 1.800 тони годишно. МИТ ГРУП КОМПАНИ е дел од таканаречената циркуларна економија, која е алтернативно решение за во моментов доминантната, линеарна економија. Во моделот на циркуларната економија, целта е да се надминат разликите помеѓу циклусите на производството и природните екосистеми - од кои на крајот зависат луѓето. Не се работи за тоа да се биде „помалку лош“, туку да се создаде економија која работи во хармонија со нашиот природен свет. МИТ ГРУП КОМПАНИ, како еколошка копанија, стриктно се придржува кон сите овие принципи, при што со рециклирањето му даваме нова вредност на отпадот, максимално грижејќисе и промовирајќи ја зелената економија.

Рециклирање е преработка на користени материјали за добивање нови производи. Со овој процес се спречува губењето на материјали, намалувањето на потрошувачката на нови суровини, се намалува користењето на енергијата, се намалува загадувањето на воздухот и водата... Речиси половина од отпадот што го создаваат луѓето може да се рециклира. Знакот за рециклирање има три стрелки кои ги означуваат трите фази: собирање, преработка и повторна употреба.

Производи

Тековната производна програма на МИТ ГРУП КОМПАНИ, пред се, е дизајнирана за сегментот на пакување на производите од живинарската индустрија. Станува збор за производство на пакувања за јајца (тацни и подлошки од рециклирана хартија). Произведуваме три основни големини на подлошки за пакувања на јајца: M/30, L/30, XL/30 и комерцијални пакувања за по 10 и 2х6 јајца. Во помал обем произведуваме и делови од амбалажа за други производи. Во план е да го прошириме асортиманот и со амбалажа за јаболка, за шишиња вино и други производи.

mit-group-company-clubeconomy
Во МИТ ГРУП КОМПАНИ во секј момент располагаме со соодветна залиха на сите наши производи, кои се еколошки, со проверен квалитет. На овој начин обезбедуваме максимална сигурност во снабдувањето на клиентите. За да бидеме што е можно поблиску до нив организираме и достава низ цела Македонија и во поблискиот регион.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Железничка бр. 50, 1300 Куманово
Град: Куманово
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа