Filters
Пребарување
МЕТАЛБО

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МЕТАЛБО се занимава со изработка, монтажа и изведување на:

- Челични конструкции
- Покриви
- Лимарски работи
- Браварија

Целосен инженеринг при изведба на објекти

Подетално за компанијата

МЕТАЛБО е иновативна компанија која егзистира во металско-градежниот комплекс, целосно посветена на перцепцијата на деталите, која обликувајќи го челикот и лимот се обидува на секој објект да му даде посебна димензија, несекојдневна убавина, максимален квалитет и нота на топлина.

Наша специјалност се изградба на објекти од челични конструкции и сендвич панели, кои ги градиме по принципот клуч на рака, во сите димензии, според потребите и желбите на инвеститорите. Опремени сме да ги дизајнираме самите челични конструкции, да ги произведеме и да ги монтираме на соодветниот објект заедно со ѕидните и покривните панели. Во досегашната работа особено сме горди на влезната настрешница и челичната конструкција на Sky Bar што ги изведовме во Hotel Panoramika Design and Spa. Тука особено дојде до израз обученоста на целиот тим да внимава и на најситните детали и максимално да ја внесе својата креативност, со што на влесната партија и делот кај Sky Bar на хотелот му дадовме екстравагантна димензија, на што инсистираше инвеститорот.

metalbo-clubeconomy
metalbo-clubeconomy

кровни конструкции и покриви

МЕТАЛБО се занимава и со изведба на кровни конструкции и покриви на нови и веќе постоечки објекти, при што како материјал за покривање користиме поцинкуван и пластифициран лим, сендвич панели или алуминиумски лим, во зависност од барањата на инвеститорот. При изведувањето на покривните конструкции ги реализираме сите елементи што ја сочинуваат една ваква конструкција, од термичка и хидро изолација до целосно опшивање и монтажа на систем за одлив на водата.

metalbo-clubeconomy
metalbo-clubeconomy

браварски работи

Во делот на браварските работи би ги издвоиле најразличните огради, скали, врати и слични елементи што ги имаме изведено на секаков вид објекти. Оградите покрај тоа што служат за заштита им даваат посебни димензии на градежните објекти. Иновативноста и креативноста на МЕТАЛБО тимот во овој сегмент доаѓа до полн израз понудувајќи решенија како некој објект максимално да се заштите, а тоа сепак да изгледа топло и убаво. Една ваква креација е оградата во приватен двор во близина на О.У. Јан Амос Коменски во Тафталиџе 1, во која студенилото на металот го разбивме со убава црна боја тип Антика и елементи од дрво.

Во сегментот браварски работи изработуваме најразлични внатрешни и надворешни скали, кои може да бидат целосно метални или во комбинација на метал и дрво, потоа надсрешници и се што може да се произведе од челични профили и лим.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица:
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)70/687 627

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа