Filters
Пребарување
МЕГА ЛИФТОВИ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МЕГА ЛИФТОВИ се занимава со монтажа и сервис на лифтови

- Монтажа на лифтови
- Сервис и редовно одржување
- Товарни и автомобилски платформи
- Реконструкција и модернизација на постоечки системи

Подетално за компанијата

МЕГА ЛИФТОВИ е компанија со над 14 години искуство во областа на монтажа, сервис и одржување на лифтови. Нашиот тим се состои од обучени и лиценцирани техничари кои веќе имаат успесшно реализирано голем број проекти низ целата земја, од мали станбени згради, до комплексни деловни и индустриски системи. Нашата цел е да обезбедиме сигурни, ефикасни и модерни решенија кои ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет и безбедност.

mega-liftovi-clubeconomy
mega-liftovi-clubeconomy

 
Монтажа на лифтови

Изведуваме стручна монтажа на сите видови лифтови, согласно техничките стандарди и безбедносните прописи. Процесот е ефикасен, сигурен и приспособен на специфичните барања на инвеститорот.

Сервис и редовно одржување

Обезбедуваме редовно и вонредно одржување со целосна техничка поддршка. Сервисот вклучува превентивни прегледи, навремена интервенција и одржување на лифтовите во оптимална состојба.
 

Товарни и автомобилски платформи

Нудиме решенија за транспорт на стока и возила преку монтажa на товарни и автомобилски платформи. Системите се приспособени на барањата на објектот, со висок капацитет и сигурност во работењето.
 

Реконструкција и модернизација на постоечки системи

Вршиме целосна реконструкција и технолошко унапредување на постоечки лифтови и платформи. Процесот вклучува замена на застарени компоненти, подобрување на ефикасноста и усогласување со современи стандарди.

 
Консултации и технички совети

Обезбедуваме стручно советување при избор, проектирање и поставување на лифтови и платформи. Нашите инженери нудат техничка поддршка во сите фази од проектот, со фокус на безбедност и оптимални решенија.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 6, бр. 5, Миладиновци, Илинден, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-ин Иван +389 (0)77/800 271


Мапа