Подетално за компанијата
МЕГА ДЕКОР
Компанијата МЕГА ДЕКОР се занимава со производство на лајсни и панели од стиропор.
-
• Фасадни и украсни лаисни и елементи од стиропор, заштитени со повеќеслоен кварцен песок, отпорни на атмосферски влијанија и физички оштетувања
-
• Внатрешни лаисни од стиропор
-
• 3D board панели за внатрешно уредување
ФАСАДНИ ЛАЈСНИ И ЕЛЕМЕНТИ
Производите на МЕГА ДЕКОР се идеални за украсување и термоизолација на стари и нови фасади. Произведуваме рамки за прозорци, симсови, розети, конзоли, столбови, капители, квадери и други декоративни елементи.
Елементите се произведуваат од експандиран стиропор кој е обложен со водоотпорен заштитен слој, кој им дава трајност и отпорност на атмосферски влијанија. Овој слој е флексибилен, парадифузен, тврд, отпорен на УВ зраци и влага, не се собира. После вградувањето, нашитете надворешни елементидоволно е само да се бојадисаат со фасадна боја и потоа се лесни за одржување.
ВНАТРЕШНИ ЛАЈСНИ
Внатрешните лајсни од стиропор се направени од многу лесен и цврст материјал - XPS стиропор (stirodura). Нивната инсталација во внатрешноста е брза, едноставна и чиста. Не е потребно ѕидовите или таванот специјално да се обработат (гребење на боја и мазнење). Може да се лепат на веќе бојадисани ѕидови, керамика, дрвена површина и разни други материјали.
Монтажата се изведува со лепење со акрилик силикон. Се бојадисуваат боја на водена база (дисперзивни бои). Произведуваме голема палета на профили, а можеме да произведеме профил и по нарачка во кружна лак-форма што обезбедува уникатни решенија и придонесува кон ексклузивен изглед на вашиот простор. Произведуваме и рекламни логоаа во разни величини.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Исеин Акиоски 103, 6250 Кичево
Град: Кичево
Држава: Македонија