Filters
Пребарување
МАКПРОГРЕС доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Производство на кондиторски производи.
Oбработка и доработка на земјоделски зрнести култури.
Брендови на компанијата: VincinniСончева долинаNaturaFantasia и Donia

 

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:2008
HACCP
HALAL

Подетално за компанијата

Големото семејство на Макпрогрес

Макпрогрес доо е успешна интернационална компанија, лоцирана во источниот дел на Македонија. Во 32 годишното постоење Макпрогрес преку континуирани инвестиции и висока стапка на раст прерасна во еден од водечките производители на кондиторски производи во Југоисточна Европа со извоз во повеќе од 55 земји во светот.

Во производното портфолио има преку 400 најразновидни прехрамбени производи кои се пласираат под 5 главни брендови: Винчини, Сончева Долина, Натура, Дониа и Фантазија.

Примарната дејност на компанијата е производство на кондиторски производи а секундарна е, угостителство и производство на амбалажа. Целосното производство е во согласност со меѓународните стандарди за храна и сите суровини и финални производи редовно се контролираат во овластени лаборатории за контрола на квалитет.

Со своите континуирани инвестиции и висока стапка на раст, Макпрогрес повторно го потврдува својот епитет на една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија, на иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите, и која создава високо конкурентни брендови кои можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари. Производите се меѓународно познати како високо квалитетни со цени достапни за секого за што е и доказ дека веќе 10 години по ред е најголем извозник на храна од Македонија.

Макпрогрес е индустриска групација со силна општествена одговорност. Со цел придонесување кон одржливоста на општествениот развој, компанијата има активна соработка со локалната заедница, вработените и општеството во целина за овозможување на поквалитетен живот за сите.

Прогресив Академија

Фондацијата „Прогресив Академија“ е иновативен тренинг центар чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаењa, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. Една од програмите во склоп на Фондацијата е Академијата за Извршни Менаџери која има за цел да ги надгради менаџерските капацитети за компаниите во регионот и пошироко.

makprogres-clubeconomy
makprogres-clubeconomy

Vincinni Chocoland

Фабричка продавница која се наоѓа веднаш до управната зграда на Макпрогрес во Виница. Целата гама на производи од семејството на Макпрогрес може да ја најдете овде по наши фабрички цени проследени со бројни промотивни активности.
Заследете ја нашата фб страна и следете ги новостите

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Војдан Чернодрински бр.8, 2310 Виница
Град: Виница
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)33/362 289

Социјални медиуми

Лице за контакт

Маја Цветанова


Мапа

Документи