Filters
Пребарување
ЛИОН доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ЛИОН се занимава со производство на квалитетни кондиторски производи

- Чоколади
- Чоколаден крем
- Бисквити
- Ситни колачи
- Нутри плус и Диабет бисквити
- Бонбониери
- Чоколади за готвење

СЕРТИФИКАТИ

HACCP / ISO 22000:2005
HALAL

lion-clubeconomy
lion-clubeconomy
lion-clubeconomy
lion-clubeconomy
lion-clubeconomy
lion-clubeconomy
lion-clubeconomy

Подетално за компанијата

ЛИОН

ЛИОН доо е успешна компанија од Свети Николе, со 80-тина вработени, позната на пазарот по производството на исклучително квалитетни кондиторски производи.

Почнавме со производство на чоколадо и чоколаден крем, со заложба постојано да го шириме асортиманот и денес на македонскиот пазар и на пазарите во повеќе земји од регионот и Европа, покрај по чоколадите и чоколадните кремови, сме познати и по нашите бисквити, ситни колачи и бонбониери.

lion-clubeconomy
lion-clubeconomy

КВАЛИТЕТ

Производите на ЛИОН се наградени со златни медали на повеќе саемски и други еминентни манифестации. Потврда за нашата посветеност на квалитетот се и HACCP, ISO 22000:2005 и HALAL сертфикатите кои ги имаме веќе десетина години.

Приказната на ЛИОН започна во 1998 година, со набавка на машини за пакување на прашкасти и зрнести производи од Италија. Во 1999-та изработивме бизнис план за набавка на опрема и започнување на производство на какао крем производи. Во 2001 година ЛИОН учествува во проектот ПРИЗМA нa владата на САД и 2002-та во рамките на овој проект, во конкуренција од 50 претпријатија и организации, бевме избрани за компанија со надобар понуден бизнис проект и добивме паричните средства за набавка на машини за пакување на чоколади.

ПРОИЗВОДИ

Периодот што следеше беше период на развој, зголемување на палетата на производи, освојување на домашниот пазар и анимирање на пазари од регионот. Во март 2004 година се преселивме во нов производен погон со површина од 4.000 м2, каде беа инсталирани и нови производни линии.

Зголемувањето на палетата производи и освојувањето нови пазари овозможи да реализираме постојан пораст на обемот на производство на кондиторски производи, кој во моментов изнесува 2.500 тони годишно, со план овој тренд да продолжи.

lion-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Регионален пат Р105 бб,
2220 Свети Николе
Град: Свети Николе
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи