Компанијата ЛАКИ ГРИЦ произведува солени грисини под брендот ЛАКИ ГРИЦ. Грисините се веќе познати на македонскиот и на пазарите во соседните земји. Се изработуваат од најквалитетно брашно Тип 500, со шест различни вкуса - ким, кикиритка, сусам, пица, чили и пилешко. Пакувани се во ПВЦ дуплекс фолија, со препознатлив дизајн, за количина од 150 грама, со вкус на ким, кикиритки и сусам, во виолетова боја, со вкус на пица и чили во пакување од 50 и 120 грама и со вкус на пилешко во пакување од 50 грама. Покрај овие пакувања имаме и рефус пакување од 3 килограми.
Подетално за компанијата
Лаки Гриц
Компанијата ЛАКИ ГРИЦ постои од 2006 година. Солените грисини ги дистрибуираме на цела територија на Македонија, како и на пазарите во Албанија, Косово, Романија, Италија и Бугарија, што е најдобра потврда за високиот квалитет на нашиот производ. Производите на ЛАКИ ГРИЦ можат да се најдат во маркетите Кит-Го, Супер Кит-Го, Кипер и други маркети.
Грисините ЛАКИ ГРИЦ се произведуваат од специјално селектирани суровини, со современа технологија и максимална примена на процедурите за безбеднос на храната. Во моментов сме ангажирани да воведеме производство на грисини со уште неколку нови вкусови, што ќе ја зголеми нашата понуда, а ќе им дадеме и поголема можност за избор на нашите потрошувачи.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Енгелсова бр. 23-16, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија