Подетално за компанијата
КРИН КГ доо Прилеп е водечка компанија во Македонија во доменот на експлоатација, преработка и вградување на украсен камен - гранит. Во сопственост на фирмата се четири познати и разработени рудници и лежишта за експлоатација на гранитни блокови, познати под комерцијалните имиња: MARIOVO KRIN, BIANCO KRIN, CHASHKA KRIN и POLICHE KRIN.
Благодарение на повеќедецениското константно вложување во најнови технологии, како и во човечки ресурси, компанијата КРИН КГ е подготвена годишно да произведе повеќе од 6000 м3 првокласни гранитни блокови. Ориентацијата постојано да вложуваме во нови рудници и лежишта за експлоатација продолжува и понатаму.
Со цел гранитните блокови да бидат преработени и да се добие финален производ, КРИН КГ доо располага со сопствени производни капацитети, фабрика во која е имплементирана најсовремена италијанска технологија, во која се одвиваат сите фази од преработката на гранитот по светски стандарди, а на крајот на потрошувачите им нудиме услуга во монтажа и вградување, која ја работиме сами, односно располагаме со поголем број луѓе од „занает”, искусни монтери и инжењери, кои своите искуства ги стекнуваа работејќи повеќе децении на големи светски проекти во Ирак, Ангола, Обединетите Арапски Емирати, Русија...
Компанијата е стопроцентно ориентирана кон градежништвото. Нашите стандардни и нестандардни производи се незаменливи во сите поголеми и помали проекти кои се во тек или се во план за изработка, како во Македонија, така и во земјите во опкружувањето.
Понудата на КРИН КГ опфаќа испорака (со вградување или без) на сите гранитни елементи кои служат за уредување на големи јавни површини, како што се гранитни плочи од сите дебелини, сечени, кршени, сечено-кршени, со најразлична завршна обработка - палено, штоковано, пескарено, брусено, заедно со испорака на гранитни коцки од сите димензии (6/6/6, 8/8/8, 10/10/10, 12/12/12), како и гранитни ивичници и жардињери.
Во делот на ентериерите, испорачуваме и вградуваме високополирани плочи и плочки (cut-to-size), со најразлични димензии и дебелини (од 0,8 см па нагоре), потоа облагање на скали и одморалишта, прозорски и балконски парапет, гранитни балустради и потпорни ѕидови, а како посебен сегмент од нашата понуда ги потенцираме гранитните фасади, вентилирани и класични. Располагаме и со CNC технологијата, која овозможува високопрецизна обработка на најразлични профили и рељефи од украсен камен.
Нашите цени се конкурентни на кинеските, со тоа што квалитетот на нашите производи е неспоредливо подобар (досегашните испораки и завршени проекти го докажуваат тоа). Најголема предност ни е и можноста да испорачаме големи количини за многу кратко време.
УВЕРЕТЕ СЕ САМИ, НИЕ ВИ СТОИМЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ!
Контакт информации
Адреса
Улица: 7-ми км на магистралниот пат Прилеп – Битола , 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија